Контакт

Забава

Австралиски лекар со дупчалка му спасил живот на дете

Објавено пред

Доктор во руралниот дел на Австралија употребил домашна бушилка да издупчи дупка во черепот на дете со сериозна повреда на главата

dobivaj vesti na viber

Доктор во руралниот дел на Австралија употребил домашна бушилка да издупчи дупка во черепот на дете со сериозна повреда на главата, со што му го спасил животот.

Николас Роси во петокот паднал од велосипед во гратчето Мерибоу во државата Викторија, удирајќи со главата во тротоарот. Кога било донесено во болница, детето веќе било во несвест.

Дежурниот лекар Роб Карсон брзо препознал дека кај 13-годишното момче се случува фатално крварење во мозокот и знаел дека има само неколку минути да издупчи дупка во черепот на момчето за да го намали притисокот.

Но малата болница немала невролошки дупчалки, па Карсон зел обична дупчалка од болничкиот домар.

„Докторот Карсон ни пријде и рече дека ќе мора да го продупчи черепот на Николас за да го намали притисокот во мозокот и дека имаме само еден обид“, рече таткото на детето Мајкл Роси.

Карсон го повикал неврохирургот во Мелбурн барајќи помош и специјалистот преку телефон го водел низ постапката која Карсон претходно не ја правел, говорејќи му како да ја насочи дупчалката и колку длабоко да дупчи.

Детето потоа е превезено во поголема болница во Мелбурн и било отпуштено во вторникот, на неговиот 13. роденден. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Нова фризура и променет изглед: Можеби е „очајна домаќинка“, но во проѕирна облека е секс бомба ФОТО

Објавено пред

Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, долго време гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот, а денес оваа 50-годишна жена привлекува внимание каде и да се појави – со својот беспрекорен изглед, но и со своите модни избори.

dobivaj vesti na viber

Минатиот викенд, таа беше домаќин на гала вечера во Мадрид, каде што се појави во провокативна облека и уште еднаш нè убеди дека скратувањето на косата е целосен успех.

Таа носеше црно боди и црно преголемо сако, а овие две парчиња ги комбинираше со интересно проѕирно здолниште што ѝ овозможи на публиката да ги види нејзините витки и обликувани нозе во целост.

Таа ги следеше најновите модни трендови со своите чевли – ја заокружи комбинацијата со елегантни црни зашилени потпетици што ги гледаме кај повеќето познати личности, па нејзината веќе витка фигура дојде уште повеќе во фокусот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Домашната маска од тиква прави чуда за кожата на лицето: Ги спречува првите знаци на стареење

Објавено пред

Вкусните тикви не се погодни само за деликатни десерти, туку се идеални и за нега на кожата.

dobivaj vesti na viber

Кога ќе дојде есента и сезоната на тикви, топлите супи од тиква и вкусните пити често се на нашите трпези. Но, ви предлагаме да ја користите тиквата на поинаков начин оваа есен. Поради својот состав, тиквата има исклучително корисен ефект врз убавината.

Содржи многу витамини – А, Ц и Е, кои се добри за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. Исто така, тука се и цинкот, калиумот и антиоксидансите кои ја смируваат и ја хранат кожата.

Како да ја вклучите тиквата во вашата рутина за убавина?

Подгответе освежителна и хранлива маска од мекиот дел од тиквата, која ќе ви даде убава, здрава и сјајна кожа. Што е најдобро: лесно се прави, а состојките веќе ги имате дома.

Што ви е потребно?

– две лажици од внатрешноста од тиквата

– половина лажичка мед,

– половина лажичка млеко или јогурт.

Подготовка и употреба:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја со прстите на исчистено лице. Можете да ја нанесете маската и на деколтето и вратот – во овој случај, дуплирајте ја количината на состојки. Оставете ја маската да делува околу 20 минути. Нежно отстранете ја со влажна крпа, потоа измијте го лицето и нанесете хранлива крема.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Сакате вашите растенија да го преживеат студот? Никогаш не го користете овој метод

Објавено пред

Со доаѓањето на постудените месеци, многу љубители на растенија се соочуваат со истото прашање: како да ги заштитат своите зелени миленици од мраз, магла и студен ветер?

dobivaj vesti na viber

Балконите и дворовите полека се подготвуваат за зимска хибернација, а советите за заштита на растенијата ги преплавуваат социјалните медиуми. Сепак, една практика се повторува одново и одново, а воопшто не е добра за растенијата.

Никогаш не завиткувајте растение во фолија бидејќи не може да дише, предупредува Дејан Драгичевиќ, познат тиктокер, експерт кој редовно споделува корисни совети за грижа за растенија во затворен и отворен простор.

Во своето видео, тој покажа црешово дрво целосно завиткано во проѕирна фолија и објасни дека таквата заштита не само што не помага, туку може и да му наштети на растението.

@plantagenije Ne koristite plastičnu foliju kao zimsku zaštitu biljaka. #lovorvisnja #zastita #folija #plastika #plantagenije ♬ original sound – Dejan Dragićević

Наместо тоа, тој советува растението да биде лабаво врзано со јаже направено од природен материјал. Растенијата во саксии на балконот треба да бидат заштитени со дишечка крпа, како што се јута или ткаенина од кокосови влакна. Кога ќе ставиме растение во најлон, тоа буквално испарува, додава тој.

Пластиката никогаш не е добра идеја за растенијата

Таа го блокира воздухот и ја задржува влагата, што го зголемува ризикот од гниење и габични заболувања. Наместо фолија, тие препорачуваат дишечки материјали кои овозможуваат размена на воздух, но сепак обезбедуваат заштита од студот.

Како да ги заштитите растенијата на балконот и во дворот?

Доколку имате растенија во саксии на отворено, првиот чекор е да ги преместите поблиску до ѕидот или до агол каде што се заштитени од ветерот и да ги заштитите корените со слој прекривка, суви лисја или слама. Дополнително можете да ја покриете саксијата со јута или ткаенина од кокосови влакна, но никогаш не го затворајте растението во пластичен балон.

Што е подобро од фолија?

Најважно е да се заштитат корените на растението. Затоа експертите од Американскиот универзитет во Минесота советуваат заштитната ткаенина секогаш да биде поставена како шатор – за да може растението да дише, а не херметички затворена.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 минути

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет1 час

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет1 час

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет1 час

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија12 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија16 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија19 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ19 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија19 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија20 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија21 час

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија22 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет1 ден

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет1 ден

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа1 ден

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа1 ден

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...