Економија
Љубљана на ЕУ мора да и врати повеќе од 8 милиони евра

Европската комисија (ЕК) ја известила Словенија дека во буџетот на Европската унија (ЕУ) мора да врати повеќе од 8 милиони евра.
Станува збор за пари кои Словенија ги добила за непосредна исплата односно субвенции за земјоделците кои ги добиваат за хектар земја односно производство на ограничено подрачје.
Агенцијата за земјоделски пазар на Словенија истакнала дека главна причина за враќањето на парите е поради недостаток од географско информациски систем поради во кој ќе бидат вметнати површините кои имаат право на субвенции, како што се патиштата, шумите, зградите и други.
Покрај неточната идентификација на земјиштето, комисијата при ЕУ која ја правела проверката пронашла и недостатоци во областа на контрола на теренот за исплатата и санкциите во случај на прекршување на правилата.
Според податоците на словенечкото министерството за земјоделство ова е не е прв пат Словенија да мора да врати толку пари, бидејќи првиот пат таа вратила 7.6 милиони евра, со што сега вкупната казна изнесува 16 милиони евра.
Поради слични грешки во буџетот на ЕУ средства ќе мора да вратат уште 14 земји членки на Унијата, а најмногу Велика Британија, која ќе треба да уплати 59 милиони евра./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.