Контакт

Македонија

Поведена постaпка за случаите од „бомбите“ во кои се вмешани владини функционери

Објавено пред

Јавното обвинителство попладнево излезе со соопштение во кое информира дека за сите настани кои произлегуваат од прес – конференциите на СДСМ и објавените телефонски снимки на наводни разговори, во коишто се вмешани владини функционери, е поведена постапка.

dobivaj vesti na viber

На барањата од јавното обвинителство, од повеќе институции и правни лица доставен бил обемен писмен материјал  кој е предмет на проучување.„Во предметите во кои се исцрпени сите планирани и можни дејствија, завршено е проучувањето на материјалот и со тоа е разјаснета кривично-правната ситуација, надлежниот јавен обвинител, согласно законите, донесува соодветна одлука“, соопштуваат од Обвинителството.Оттаму уверуваат дека јавните обвинители постапуваат неселективно, стручно и професионално и детално информираат што презеле за секој предмет посебно. „Јавните обвинители од основните јавни обвинителства во чија надлежност се сите досега отворени предмети  ги  преземаат сите потребни дејствија за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и  да се лоцира евентуалната кривична одговорност и при тоа постапуваат апсолутно неселективно, стручно и професионално“, соопштуваат од Обвинителството.Во врска со наводното незаконито прислушување на лицата Зоран Заев,  Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски отворен е предмет по кој активно постапува надлежен јавен обвинител, при што испитани се Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски како  подносители на пријавите.Испитани се и пријавените Сашо Мијалков тогашен Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање  и Горан Груевски началник од истата Управа.Испитани се и претставници на Министерството за внатрешни работи  и три лица вработени во Управа за безбедност и контраразузнавање – Одделение за оперативно техничка поддршка на операции.Прибавено е техничко мислење изготвено од страна на технички советници –  тројца професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје.Извршен е непосреден увид во службените  простории каде што се спроведува посебната истражна мерка – Следење на комуникациите, а за констатираната состојба сочинет е  записник.Обвинителството го побарало од СДСМ оригиналниот медиум на кој биле снимени телефонските разговори кои се објавени на прес-конференциите, но сè уште не бил доставен оригиналниот медиум.Отворен е предмет и за  наводите во телефонски разговор од месец јуни 2011 година, помеѓу Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата, за наводно отпуштање од работа на поголем број  лица вработени во Министерството за внатрешни работи и во други државни органи поради нивната политичка определба. Надлежниот јавен обвинител поднесе барања за доставување на податоци и документација до Владата на Република Македонија, Секторот за  правни работи и управување со човечки ресурси и  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.Барањата  се однесуваат на доставување податоци за лица на кои им престанал работниот однос во периодот 2011-2015, основот за престанок на работниот однос, постапките во врска со  престанокот на работниот однос, одлуките за постапките (дисциплински и судски), како и исходот од истите.За наводно ставање вон употреба на телефонски број 070-306-775, кој го користела политичката партија СДСМ за свои потреби, искажано во  телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Ирена Мишева, неизвршен член на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија, надлежен јавен обвинител поднесе  Барања за доставување на податоци и документација до Т-Мобиле Македонија и Централниот регистар на Република Македонија.              Наводите од телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Никола Тодоров, сегашен Министер за здравство за наводно исклучување на лифтовите од зградите на гласачите од Општина Центар за време на локалните избори во 2013 година во Општина Центар се предмет на разгледување во надлежното Основно јавно обвинителство.Поднесено е  Барање  до Државната Изборна Комисија за информација дали се поднесени приговори за спречување на остварување на избирачко право поради исклучување на лифтови во колективни станбени згради . Исто вакво Барање е доставено и до Секторот за внатрешни работи Скопје.Во врска со предмет  оформен  по објавените телефонски разговори за  наводна исплата на парични средства за авионски превоз  на лица-македонски државјани со привремено или постојано живеалиште во Швајцарија и Италија за остварување на гласачко право, поднесени се барања за доставување податоци и документација до Централниот регистар на Република Македонија, Државната изборна комисија и до Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје. Испитан  е и поранешниот директор на  Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје.Во врска со телефонски  снимки за наводни разговори кои се однесуваат за наводно малтретирање  при  лишувањето од слобода на осудениот Љубе Бошковски прибавени се списите на истражниот и кривичниот предмет по кој е осуден. Прибавени се известувања од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи и  писмено известување од Народниот правобранител. Од  Министерството за внатрешни работи е испратено  Барање за доставување на податоци  за тоа кои овластени службени лица биле инволвирани во лишувањето од слобода на сега осудениот Љубе Бошковски. Повикани се повеќе лица  за распит пред  јавниот  обвинител  во врска со спомнатиот настан.По оформениот предмет во врска со наводни телефонски разговори кои се однесуваат на наводно незаконито рушење на објектот КОСМОС,  извршен е увид во претходно оформен предмет во Основното јавно обвинителство за кривично дело -Бесправно градење од чл.244-а од КЗ. Испитан е претставник на општината, повикан и испитан е градежен инспектор и дадена е наредба за вештачење.Во врска со телефонски разговори кои се однесуваат на локалните избори од 2013 година, на гласањето за избор на градоначалник на Општина Центар, поднесени се барања до Државната изборна комисија, Општина Центар, Министерство за финансии и  Министерство за образование за доставување на  податоци и документација.Од прибавените податоци и документација произлезе потреба да бидат испитани 32 лица, чие испитување во меѓувреме е завршено.Во врска со наводни закани кон директорот на правното лице Илинден – изведувач на градежни работи,  а со цел да запре со асфалтирање на улиците низ Охрид, прибавена е  од Централен регистар на Република Македонија релевантната писмена документација, а повикан и испитан е управителот на правното лице Илинден.Во врска со телефонски разговори за наводни закани спрема вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија по однос на тоа како да гласаат на локалните избори во 2013 година, прибавено е писмено известување од Македонски Телеком дали и на кој од вработените е даден отказ во наведениот период , како и дали е поднесен приговор за вршен притисок за начин на гласање. По добиеното сознание дека се прави внатрешна ревизија во Т – Мобиле Македонија побарано е извештајот од внатрешната ревизија да се достави до јавното обвинителство.Во врска со телефонски разговори за наводно прераспределување на лицето Ивица Тошески поради политички мотиви од началник во МВР на пониска позиција, побарани се  податоци од Министерството за внатрешни работи. Бараните податоци и документација се доставени. Испратена е покана за испитување на лицето Ивица Тошески.Во врска со објавениот телефонски разговор за наводни притисоци врз затворениците во затворот Идризово да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2013 година, прибавени се известувања од сите мобилни оператори,  повикан е и испитан директорот на затворот.  Од Државната изборна комисија и од Општина Гази Баба побарана е документацијата за гласањето на затворениците.Во врска со предмет за наводно поттикнување на непознато лице од страна на Миле Јанакиевски, поранешен Министер за транспорт и врски, за да се јави на друго лице по име Саше и со сериозна закана да го присили да им каже на 40 професионални војници како да го вршат избирачкото право за избор на градоначалник на општина Центар, побарано е од Државната изборна комисија  и од Министерство за одбрана  да се достават потребните податоци и документација. Во врска со телефонски разговор за наводно приведување на лицето Страшо Поповски, поради неговото работење за СДСМ, поднесено е Барање до Секторот за внатрешни работи Охрид  за доставување податоци за евентуално приведување на гореспомнатото лице. Побарани се податоци за лицето Страшо Поповски и по добивањето на податоците  истото со покана е повикано да се јави за испитување во јавното обвинителство.Во врска со наводни закани упатени кон  директорот на Струмица Табак дека доколку пред изборите не им ги исплати субвенциите на гласачите ќе му биде одземена лиценцата за работа,  поднесени се барања до Струмица Табак, до Централен регистар на Република Македонија и до Државната комисија за спречување корупција за доставување на податоци и документација. Извршен е и испитување на  Државниот секретар  во Министерството за труд и социјална политика.Во врска со наводен телефонски разговор за присилба врз лица, вработени во ЈП Улици и патишта да вршат избирачко право на определен начин да гласаат за кандидатот и за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, а во кој разговор се споменува лице по име Синиша вработено во ЈП Улици и патишта, побарани се  податоци од ЈП  Улица и патишта за вработено лице по име Синиша. По добиеното известување, повикани се три лица на  испитување.Во врска со наводните телефонските разговори за наводен договор помеѓу лицата Бедредин Ибраими и Мендух Тачи, за Бедредин Ибраими да гласа за поништување на  гласањето во 2013 година на избирачки места во Општина Струмица, а како против услуга членовите на Државната изборна комисија од партијата ВМРО ДПМНЕ  да гласаат за поништување на гласањето на избирачки места во Општина Чаир прибавена е обемна документација од Државната изборна комисија .Во врска со телефонски разговори за наводен договор помеѓу Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата на РМ и Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи во Владата на РМ, за ослободување на вработени лица во Министерството за време на кампањата за локалните избори 2013 година од извршувањето на редовните работни задачи како би можеле да учествуваат во политичката  кампања за потребите на ВМРО ДПМНЕ, поднесено е Барање за доставување на податоци и документација  до  Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Во врска со телефонски разговор за наводно ангажирање на овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи за извршување на работни задачи надвор од местата на нивното живеење со цел да бидат спречени да не го вршат избирачкото право, побарано е од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ, да ги достави потребните податоци и документација.Во предмет во врска со телефонски разговор за наводно договарање помеѓу Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи и Анета Станчевска, Помошник министер за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, истите да влијаат на исходот на полициските постапки против овластени службени лица во Охрид за настани поврзани со насилство, како и да издејствуваат  против тие лица да не се водат  постапки, испратено е  барање до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ,  за доставување на податоци и документација. Истовремено од Основно јавно обвинителство Охрид прибавени се списите на  конкретен предмет.Поднесено е барања за доставување на податоци до Полициска станица Ѓорче Петров, до Министерството за внатрешни работи и до сите мобилни оператори, а во насока на расветлување на предметот отворен по телефонски разговори за наводно пуштање на слобода на лица, кои за време на локалните избори во 2013 година биле приведени во Полициската станица  Ѓорче Петров,.Во предмет оформен во врска со телефонски разговори за наводно учество во гласање на локалните избори одржани во 2013 година на лица кои немаат избирачко право, од Министерството за внатрешни работи и од Државната изборна комисија барани се податоци, проверки и релевантна документација.Наводните телефонските разговори помеѓу Сашо Мијалков, во тоа време Директор на управата за безбедност и контраразузнавање и Миле Јанакиески, во тоа време Министер за транспорт и врски во Владата на РМ, за наводно договарање едно лице да биде озвучено и пратено кај Андреј Жерновски, за да му понуди пари со цел да издејствува Андреј Жерновски да биде обвинет за кривично дело, се предмет на анализа во основното обвинителство. Надлежен обвинител во два наврати со покана за испитување го повика лицето Андреј Жерновски, кој иако ги примил поканите, на истите не се јавил, ниту пак на било кој начин го оправдал нејавувањето во Јавното обвинителство.Во врска со наводни телефонски разговори меѓу Кирил Божиновски сега Генерален секретар на Владата на Република Македонија, Гордана Јанкуловска поранешен Министер за внатрешни работи и лице по име Мирослав Јовановиќ, за наводно давање налози од страна на службени лица од МВР на одредени граѓани за време на локалните избори во 2013 година да гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поднесено е  до Министерството за внатрешни работи,  до  Владата на РМ и до Македонски  Телеком АД Скопје Барање за податоци, проверки и доставување на релевантна документација.Во врска со наводни телефонски разговори за откуп на повеќе катастарски парцели на  Водно и за промена на генералните и деталните урбанистички планови на земјената површина каде се наоѓаат парцелите, од Агенцијата за катастар на недвижности на Град Скопје и од Општина Центар  побарано е да се достави  релевантна документација.Во предметот за наводни телефонски разговори за поттикнување на насилно дејствување кон советниците и градоначалникот на Општина Центар, од Секторот за внатрешни работи  Скопје барани се проверки и податоци, по кое е доставена релевантна документација и снимки од видео-надзор.Во врска со телефонски разговори за наводно прикривање на убиството на Мартин Нешковски и сторителот на истото, бидејќи  станува збор за веќе претходно оформен предмет за кој е донесена одлука  извршен е увид во два предмети во Основното јавно обвинителство Скопје.Надлежното Основно јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со телефонските разговори за незаконско работење на градоначалникот на општина  Битола веднаш по објавување на снимките и започна постапка за проверување на наводите. Издадена е наредба за прибирање на документација по повеќе основи до општина Битола.  За истите случувања, во надлежното обвинителство пристигната е една анонимна кривична пријава и две кривични пријава поднесени од СДСМ.Повикани  и сослушани се подносителите на  кривичната пријава, дел од превозниците и други лица  по околностите во врска со кривично правниот настан.Во врска со наводна телефонска комуникација за набавка на опрема од Израел и наводно договарање на незаконита награда,  побарано е од  Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање да достави писмено известување и релевантна документација која се однесува  на содржината на разговорите./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави

Објавено пред

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.

Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Објавено пред

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.

dobivaj vesti na viber

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.

„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.

Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.

Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.

Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ7 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија7 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија8 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија9 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија9 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ10 часа

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа11 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет12 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа12 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет13 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет13 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет13 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија23 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија1 ден

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија1 ден

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ1 ден

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија1 ден

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...