Економија
Ирска повторно во рецесија

Ирската економија повторно влезе во рецесија, во 2012 година ,објави во четвртокот државното биро за статистика, чии прелиминарни процени покажуваат дека падот на активностите продолжил и на почетокот од 2013 година.
Ориентираната кон извозот ирска економија пораснала минатата 2012 година за слаби 0,2 отсто, а не за 0,9 проценти, како што досега проценуваа во ирското статистички биро. Ревидираните податоци укажуваат дека активностите во економијата се намалиле во четвртиот квартал лани за 0,2 отсто, откако претходното тримесечје паднале за 1 отсто. Тоа значи дека Ирска повторно се најде во рецесија.
Како причина за забавувањето на заздравувањето во втората половина од 2012 година, во статистичкото биро го наведуваат слабеењето на активностите во повеќето други земји од еврозоната.
Прелиминарните процени покажуваат дека ирскиот бруто домашен производ (БДП) се намалил и во првите три месеца од 2013 година, и тоа по стапка од 0,6 отсто, поради намалувањето на извозот и послабата лична потрошувачка. Владата во Даблин целеше на стапка на раст од 1,5 отсто.
Ирска во ограничен размер се врати а пазарите на обврзници и спаѓа меѓу малубројните земји кои успеаја да направата барем некаков раст на активностите. Меѓутоа, нејзиниот буџетски дефицит е меѓу највисоките во Европа и според важечките процени на Европската комисија минатата година изнесувал 7,6 отсто. Оттаму, земјата се соочува со се поголеми кастрења на потрошувачката и зголемувања на даноците./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.