Македонија
Припадници на АРМ ќе засадат 40.000 стебла низ Македонија
Припадници на Армијата на Република Македонија – АРМ ќе засадат 40.000 садници низ земјата, во рамки на есенската акција „Ден на дрвото“, што се реализира во среда, 3ти декември.
Триста и педесет припадници на АРМ од осум армиски гарнизони се вклучија во акцијата ,,Денот на дрвото“. Тие ќе засадат 40 илјади различни млади стебла низ цела Македонија и тоа: во Скопје на пунктот Миладиновци; во Куманово на пунктот Среден Рид кај Младо Нагоричане; во Кичево на пунктот Љубен Србјани; во Велес на пунктот Езеро ,,Младост“(над Бела Вода; во Прилеп на пунктот Лениште (Корија); во Тетово на пунктот Рогачево (Шишмановец) и во Свети Николе на пунктот Богословец (Голем Дол).
„Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Република Македонија, АРМ како и во изминатите години, ќе го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства“, се вели во сооопштението од ГШ на АРМ.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.