Македонија
Виничанецот Душан Чимев го фати крстот во Скопје

Виничанецот Душан Чимев го фати крстот во водите на реката Вардар, што во понеделникот напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го фрли архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Дваесет и две годишниот Чимев како подарок доби Свето писмо, златен крст и икона со Исус Христос.
Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан пред чинот на осветување на водите на реката Вардар, рече дека овој чин, не потсетува на настанот во јорданските води, но и на дадената можност преку водата и крштавањето повторно да се родиме и да бидеме со Бога.
„Господ Исус Христос се крстил на денешен ден и со тоа на величенствен начин ја започнал својата мисија. Тој настан веќе два милениума е причина зошто христијанските народи меѓу кои и ние православните Македонци и во татковината и ширум во светот на најсвечен начин го одбележуваме празникот богојавление“, рече г.г. Стефан.
За безбедноста беа ангажирани специјалната единица на Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст на Град Скопје, како и полицајци и лекарска екипа на Брзата помош./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).