Македонија
Специјалисти од Македонија на обука во болницата Сент Џозеф во Париз
Министерот за здравство, Никола Тодоров, во рамки на работната посета на Франција, во среда, се сретна со Жан Патрик Лајончер, директор на приватната болница Сент Џозеф во Париз.
На средбата било договорено спроведување едукација на 10 доктори-специјалисти од Република Македонија во оваа врвна здравствена установа во Франција. Прв на обука, на почетокот на јануари 2015 година, ќе замине специјалист од областа на анестезиологијата, соопшти Министерството за здравство.
На средбата, исто така, била разгледана можноста доктори специјалисти од Македонија да заминат на повеќегодишна специјализација во оваа здравствена установа.
Болницата Сент Џозеф е најдобро рангирана болница за лекување глауком во Франција и токму во таа насока е договорена обука на специјалист-офталмолог од Македонија за унапредување на знаења и вештини во областа на глаукомот, што ќе се реализира во март, следната година.
Инаку, оваа болница опфаќа 25 медицински и хируршки специјалности и претставува експертски центар во областа на роботизирана хирургија, урологија, гинекологија и областа на дигестивни болести.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети: Народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не
Денес пред стружани се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети со своите соработници, кој им се заблагодари на сите за поддршката, барајќи на 8 мај да биде запечатена големата победа за да се придвижи државата напред.
“Денеска дојдов со една цел, да ви се заблагодарам за големата поддршка овде во Струга, за тековната мисија. Механизмот што ги распостранува содржајните зраци на платформите се челниците на штабовите, мобилизирачката гарда за да се продре до целта. Платформата “Да за Европа, Не за Русија” беше наша, опозицијата сакаше само уништување на ДУИ, ги разбирам и двете затоа што им удри сонцето, но народот одлучува дали ДУИ ќе се уништи или не, 24 април го докажа тоа и потврди дека ДУИ не се распаѓа, но сега оваа ДУИ работи и делува, и со неа има уште 8 субјекти и овој Фронт на 24 април се соочи со опозицијата “ВРЕДИ”, а на 8 мај се соочуваме и со ВМРО. Нашата мисија продолжува, сакаме земјата да биде полноправна членка на ЕУ, бидејќи немаме друга алтернатива, на земјата и треба повеќе мир, безбедност, стабилност бидејќи недалеку од нас има големи војни и Европа е загрижена и покрена мобилизација на воената технологија. На 8 мај мора да победи субјектот чија мисија е членството на земјата во ЕУ, бидејќи успешно го завршивме членството во НАТО, од кое корист имаат сите граѓани”, рече Ахмети.
Ние не сме себични како политичка партија, ние сме за општиот интерес заедно со другите етникуми, бидејќи од нас се бара да бидеме заедно за да направиме некои промени кои државата ги бара за да оди напред, вака истакна кандидатот за пратеник, Муса Џафери кој додаде: Во 2014 година ветивме дека земјата ќе стане членка на НАТО, сега е членка, а денес ветуваме дека во следниот мандат земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.
Јетон Шаќири како координатор на зоната им се заблагодари на претседателите на штабовите и на сите активисти и соработници кои беа активни на денот на изборите и пред претседателот на ДУИ Али Ахмети гарантираше дека на 8 мај ќе бидат поуспешни отколку на 24 април.
Во меѓувреме, кандидатите за пратеници Арјета Ала, Атиџе Ајро и Мухамед Халили истакнаа дека Европскиот фронт пред се претставува предизвик, посветеност и обврска и дека изборната единица број 5 заслужува повеќе за достоинствено претставување, а 8 мај ќе ја запечати големата победа.
Македонија
Битиќи: Во коалиција со граѓаните нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава
„Откако ја примивме пораката од граѓаните, се мобилизиравме, ги зацврстуваме редовите и го шириме добриот глас за европска Македонија. Доаѓаме во секое маало, секое село, град и општината. Подаваме рака кон секоја заедници, кон секој еден кој сака европска Македонија. Во коалиција сме со граѓаните. Нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава“, порача ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешните средби со жителите на скопската општина Ѓорче Петров.
Тој посочи дека реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ксенофобијата на Гордана Силјановска нема да донесат позитивни промени за државата, затоа што кај нив нема место за различните од нив, за оние кои веруваат во европска Македонија, во која ќе има достоинствено место за секој еден.
„Нашата одговорност кон идните генерации не обврзува да не дозволиме да се случи некој нов 27-ми април или 24-ти декември. Не смееме да дадеме повторно политичка шанса за масовно прислушување, тефтерчиња со судии, за полиција која тепа студенти по библиотеки. Нашите деца не заслужуваат да бидат изложени на пресметки поради нивни различни мислења или ставови. Со гласот за број 1 на 8-ми мај ќе ги заштитиме од закани и уцени“, порача до жителите на Ѓорче Петров, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.
Тој посочи, политичките амбиции за тоа како гледа на Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги разоткри со влегувањето во техничка влада, со преземањето на раководењето на МВР.
„Си имаме работа со истото ВМРО-ДПМНЕ од времето на режимот на Груевски, кога вршеа упади по медиуми и затвораа новинари. Одма се обидоа медиумите да ги направат плен на нивните политички игри. Погледнете го случајот со новинарот Фуркан Салиу, со пендрек се обидоа да го замолчат. Сега е тој, но ќе бидат уште многу повеќе новинари доколку им се даде шанса, а тоа може да им го ускратиме само со мобилизирање на неопределените, на разочараните, на прогресивните граѓани “, рече Битиќи.
Македонија
Кавга меѓу Ковачки и Лога за поткуп, закани и притисоци врз гласачи
Носителот на ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, синоќа од митинг во Кочани, порача дека Генсекот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за правда Кренар Лога заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби „вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат се со цел да добијат еден пратеник и во третата изборна единица“.
– Сакам да упатам порака до Али и Груби. Деновиве слушам дека вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат, го праќаат Кренар Лога, потрчкото од Алијанса во Делчево и Берово се со цел да добијат еден пратеник овде во третата изборна единица. Кренар не си ги валкај рацете. Не ти е таму местото. Повлечи се додека е време, ќе завршиш во затвор, како министер за правда знаеш дека тоа што го правиш е против законски, рече меѓу другото пратеникот.
По ова, реагираше Лога.
– Го знам вашиот интелектуален капацитет нереформиан кадар кој за среќа, во земја членка на НАТО нема преспектива и нема можност за добивање безбедносен сертификат, што за ваша несреќа долгосонуваната позиција Министер за одбрана станува неостварлива. Оваа закана чувајте ја за себе. Во исто време ви благодарам што нè мотиварате дополнително. Овие бесмислици од минатиот век, народски речено, не држат вода кај нас. Ќе ме имате секој ден во секој дел на оваа заедничка држава. Мојата Македонија е побогата од вашата. Европска Македонија е далеку поубава и поперспективна за разлика од вашата Македонија, која е регресивна, изолирана и е со тефтерче против своите граѓани. Неспособен полковнику, како Европски фронт тука сме како гаранција дека оваа држава ќе се движи напред и дека оваа држава е на сите граѓани, како на Македонците, така и на сите останати од третата изборна единица, објави Лога на социјалните мрежи.
По неговата реакција, повторно се огласи Ковачки.
– Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија. Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата. Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%. Знаете зошто е така? Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи. Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС. Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија? Едното со другото не оди. Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни. Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај. Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот, возврати Ковачки.