Македонија
Одржан првиот национален форум за Отворено владино партнерство
Првиот национален форум за Отворено владино партнерство, во организација на Центарот за истражување и креирање на политики, се одржува во среда во Скопје.
„Уште со првиот Акциски план, Владата на Република Македонија направи седум заложби со мерки кои придонесуваат за отвореност, транспарентност и отчетност, како основни вредности од Декларацијата за отворено владино парнерство. Овој процес во голем дел му помага на приватниот сектор и на граѓаните, а сето тоа има за цел активно да поттикне креирање на нови работни места и нови иновации“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Вториот акционен план за Отворено владино партнерство се усвои во јуни 2014 година, по што беше донесена одлука за формирање на работна група за негово спроведување. Таа ќе ја информира владата за напредокот на спроведувањето на активностите на квартално ниво, со истовремено давање препораки за повеќе аспекти кои се содржани во Декларација за отворено владино партнерство.
„Досега се отворени вкупно 154 дата сетови во 27 институции – министерства, инспекторати, агенции, регулатори. Во следната фаза ќе бидат опфатени институции кои ги поседуваат податоците со кои можат да се изградат апликации“, додаде Ивановски.
Во рамките на вториот Акциски план за отворено владино партнерство, граѓанската организација – Македонски центар за меѓународна соработка, објавува податоци на единствениот национален регистар на правни прописи ЕНЕР. Имено, оваа граѓанска асоцијација врши мониторинг врз одржувањето на јавните консултации во јавното креирање на законите од страна на сите институции. Ова е еден од поуспешните примери на синергија помеѓу владините институции и граѓанските организации.
На денешниот Национален форум обраќања имаа претставници од Канцеларијата на ЕУ и британската амбасада во Република Македонија, како и од Центарот за истражување и креирање на политики. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.