Контакт

Регион

Три жртви во бомбашки напад во југоисточна Турција

Објавено пред

Еден полицаец и двајца цивили загинаа, а околу 30 други се ранети во голем напад со автомобил бомба пред седиштето на управата за безбедност во градот Мидјат, во југоисточната турска покраина Мардин во средата утрото, изјави премиерот Бинали Јилдирим.

dobivaj vesti na viber

Според Јилдирим, зад овој напад стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).

„Овој напад не е изненадување. Обрачот полега се стега. Борбата против тероризмот е тешка и бара решителност. Меѓу нас има убијци зад маските на обични луѓе“, изјави новинари во Истанбул.

Голем број амбулантни возила и на дополнителни безбедносни сили се испратен на местото на нападот, јави HaberTurk.

Возачот на автомобилот бомба кој пристигал во Мидјат од југоисточната провинција Батман бил натоварен со околу 500 килограми се обидел да влезе во седиштето на полициските сили, но бил запрен. Автомобилот експлодирал кога дежурните полицајци отвориле оган за да го запрат, пренесува агенцијата Dogan.

По експлозијата избувнал пожар на некои од околните објекти. Министерството за здравство ги повикало лекарите веднаш да се јават на своите работни места, имајќи го предвид големиот број повредени.

Ова е втор голем напад изведен со автомобил бомба, откако во вторникот во центарот на Истанбул во сличен напад врз полициски автобус беа убиени седум полицајци и четворица цивили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучевиќ: Блокадите во Србија претставуваат тероризам, а не граѓанска непослушност

Објавено пред

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека блокадите во Србија претставуваат тероризам, а не граѓанска непослушност и истакна дека поради блокадите на раскрсниците, изборите нема да бидат распишани.

dobivaj vesti na viber

„Некој мисли дека ако блокираат 50 раскрсници, Вучиќ ќе распише избори. Изборите нема да бидат распишани поради тоа. Добро е осмислено, со овие груби, навидум ненасилни дејства, тие се мешаат во нормалното функционирање на граѓаните. Најодвратно е што уживаат во фактот што некој не може да се движи слободно, што ја малтретираат и исцрпуваат полицијата“, рече Вучевиќ за ТВ „Информер“.

Вучевиќ изјави дека главната цел на сè што прават е соборување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а со тоа и уништување на земјата.

„Тој е нивна пречка, нивна главна цел. Нивните цели се јавните пари да завршат во приватни џебови. Потоа ние да бидеме геноцидна нација и тие да ја завршат работата за Косово, за да биде завршено. Исто така, Србија да добие марионетска влада“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ изјави дека оние што блокираат работат на уништување на економијата и спречување на граѓаните да живеат нормално.

Вучевиќ истакна дека блокадите си играат со нервите на мнозинството во Србија бидејќи 15-20 илјади луѓе малтретираат шест и пол милиони луѓе мислејќи дека ќе ги постигнат своите политички цели.

„По ова, никој нема сомнение дека ова се обиди за шарена револуција. Ги молам сите граѓани за трпение. Државата нема да запре. Издржавме агресија на НАТО, санкции, многу полоши работи. Ќе го сториме и ова. Економијата сигурно страда, луѓето се нервозни и немирни“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ им честита на полицијата, БИА и на другите безбедносни агенции за нивната професионална работа.

„Им симнувам капа на сите што работеа. Тие ги консолидираа своите редови. Тие разбираат и го информираат државниот врв за она што ни се подготвува. Полицијата ја врати довербата на граѓаните. Врската помеѓу судството и Обвинителството сè уште не е доволно силна. Постојат тактики, некои се отворени за револуција“, рече Вучевиќ.

Според него, ниедно собирање на оние што протестираат не е легално, исто како што не е легална ниту блокадата на раскрсниците и железниците.

„Не е легално да се тепаат новинарки, да се линчува, прогонува и таргетира некого, не може да биде легално кога ја напаѓате полицијата“, рече Вучевиќ.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Дојава за бомба во авион на „Ер Србија“ во Црна Гора: уапсен млад човек од Србија

Објавено пред

Сообраќајот на аеродромот Тиват во Црна Гора вчера беше запрен поради дојава дека наводно е поставена бомба во авион на Ер Србија кој слета од Белград околу 18 часот.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја потврди и компанијата Аеродроми Црна Гора, која исто така објави дека е покрената итна постапка за вакви случаи, дека авионот е изолиран, а патниците евакуирани, по што е извршена проверка на леталото.

„Аеродромските служби, во согласност со пропишаните процедури за вакви случаи, чекаат сигнал од надлежните органи за повторно воспоставување на редовен сообраќај“, соопшти компанијата Аеродроми Црна Гора.

„Вијести“ пишуваат дека 23-годишниот српски државјанин, С.М., е уапсен во Херцег Нови под сомнение дека пријавил дека во авион на „Ер Србија“ кој слета во Тиват од Белград бил поставен експлозивен материјал.

Поради вонредната состојба, неколку летови до Тиват беа пренасочени кон блиските аеродроми.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Објавено пред

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.

dobivaj vesti na viber

По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.

Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.

Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.

Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.

Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ3 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија5 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет5 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет5 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет6 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет6 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија17 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија20 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија21 час

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија23 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија1 ден

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија1 ден

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија1 ден

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...