Забава
Го оперирале со проектил во главата
Кај повреден војник кој бил превезен од базата „Баграм ер“ во Авганистан со снимка на черепот бил откриен проектил кој секој момент можел да експлодира
Младиот авганистански војник пред воениот лекар поручникот Ентони Тери бил довезен еден час откако во главата бил погоден од шрапнели од импровизирана експлозивна направа, пренесува CNN. „Внатрешниот дел од парчето не беше тврд метал, туку имаше метална надворешност. На крајот се наоѓаше воздушна дупка“, вели поручникот Тери.„Проектилот беше дел од бомба која експлодирала. Во нив има се’, камења, шајки, шрафови и дополнителен експлозив“, изјавил хирургот Џон Бини.Бини и неговиот хируршки тим веднаш повикале екипа за деминирање и така го процениле ризикот од операцијата. На лекарите им било речено дека не смеат да го испуштат експлозивот, да го допрат со скалпелот или да го изложат на електрицитет за да не предизвикаат експлозија. Затоа бил евакуиран целиот персонал а останал само неопходните лица, а пациентот бил исклучен од сите електрични апарати. Биле исклучени и анестетиците кои испаруваат бидејќи тиа можеле да ја зголемат магнитудата на експлозијата. „Во историјатот на досегашното современо војување забележани околу педесетина вакви случаи“, додал Бини. „Кога на себе го ставив окопот и се подготвував да влезам во просторијата за операција, сакава на колегите да им кажам на жена ми и на децата да им порачаат дека многу ги сакам. Тогаш се запрев за да не подречам. Хирурзите инаку се празноверни луѓе.“, додал Бини.Тој објаснил дека заради неможноста да користи скалпел парчето го извадил со гои раце, а потоа им го предал на стручњаците за експлозии кои безбедно го изнеле од болницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,