Забава
Дали маските навистина не‘ заштитуваат од новиот грип?
Побарувачката за заштитни маски нагло се зголеми од појавата на свинскиот грип кој се пренесува преку респираторните органи. Дали и колку тие се делотворни?!
Докторите велат дека треба да се употребуваат заштитни маски, но дека тоа не е потполно сигурен вид на заштита, посебно ако не се користат соодветно.Делотворни се само во затворени простории, во градски превоз и јавни собири со голем број луѓе.Исто така, нивното дејство престанува после два до четири часа, а после истекувањето на тоа време доаѓа до подобро продирање на вирусот.Соодветна употреба:-ставете ја маската внимателно така што ќе го покрива носот и устата и врзете ја така што ќе се намали секој простор меѓу лицето и маската.-Избегнувајте допирање на маската која ја користите. Кога и да допрете употебувана маска измијте ги рацете со сапун и вода или избришете ги со влажни марамици на база на алкохол.-Заменете ја маската со нова, чиста, сува маска откако маската ќе се навлажни. Не употребувајте веќе користена маска за еднократна употреба.-Уништете ги еднократните маски после секоја употреба и фрлете ги веднаш по симнувањето.Алтернативни маскиПоради тоа што се користат алтернативни заштити во недостаток на стандардни медицински маски (на пример: платнена, марама, хартиена маска, памучни траки врзани преку носот и устата) за нивната употреба нема доволно информации.Ако сепак се користат треба да се употребат само еднаш, или во случај на платнени маски треба детално да се исчистат помеѓу две употреби (да се исперат со обичен детергент за перење на вообичаена температура).Откако ќе се симне маската рацете треба детално да се измијат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.