Економија
Европската економија излезе од најдолгата рецесија

Економиите на еврозоната и на Европската унија излегоа од рецесија во вториот квартал од годината, предводени од најголемите-германската и француската економија, покажуваат првичните проценки објавени во средата.
Во периодот од април до јуни економските активности во еврозоната и ЕУ пораснале за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци, објави Eurostat.Тоа нешто поголем раст од очекуваното. Економистите кои учествува во анкетата на Reuters проценија дека економијата на еврозоната во вториот квартал од годината остварила раст од 0,2 отсто.Со денешните податоци еврозоната официјално излезе од најдлабоката рецесија во историјата, која започна кон крајот на 2011 година.Водечките економии, германската и француската, закрепнаа во вториот квартал, со раст на активностите во Германија на 0,7 отсто во однос на претходните три месеци, односно за 0,5 отсто во Франција. Италија и натаму е во рецесија, иако падот на активностите забави она 0,2 отсто, од 0,6 отсто колку што изнесуваше во првите три месеци. Падот на активностите успори во Шпанија на 0,1 отсто од 0,5 отсто во претходното тромесечје.Во Велика Британија растот забрза од 0,3 на 0,6 отсто.Балтичките држави предничат со растот во така наречената нова Европа. Литванија оствари раст од 0,6 отсто, а Летонија од 0,5 отсто. Следува Полска со раст од 0,4 отсто и Романија со раст од 0,3 отсто. Унгарската економија пораснала за 0,1 отсто, додека Бугарија е единствена од оваа група која остварила пад од 0,1 отсто.Не се достапни податоците за Словенија, Ирска, Грција, Хрватска, Луксембург и Малта.На годишно ниво економијата на еврозоната остварила пад од 0,7 отсто, а ЕУ пад од 0,2 отсто.„Еврозоната е подготвена за постепено економско закрепнување, потпомогнато од острото забавување на темпото на штедење, забрзување на растот на глобалната побарувачка и намалување на неизвесноста и финансискиот стрес“, изјави шефот на истражувачкиот одел во ABN Amro, Ник Коунис. Сепак, додаде дека и натаму гледа многу ризици по економскиот раст во Европа.И аналитичарите во анкетата на Reuters истакнуваат дека здрави стапки на економски раст во еврозоната не треба да се очекуваат пред 2015 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.