Контакт

Забава

Симон Ковел го напушта „Американскиот Идол“

Објавено пред

Судијата на „Американскиот идол“ Симон Ковел реши да го напушти популарното ТВ шоу кога неговиот договор ќе заврши во 2010, пишува британскиот таблоид The Sun, што може да биде погубно за Fox ТВ мрежата.

dobivaj vesti na viber

Судијата на „Американскиот идол“ Симон Ковел реши да го напушти популарното ТВ шоу кога неговиот договор ќе заврши во 2010,  пишува британскиот таблоид The Sun, што може да биде погубно за Fox ТВ мрежата. Ковел (50), беше дел од мега шоуто од самиот почеток во 2002, но неговиот договор истекува на крајот на деветтата сезона, која започнува во јануари а завршува во мај 2010.     Во минатото тој на неколку наврати даваше до сознание дека веќе му е здодевна неговата улога во „Американскиот идол“. Навредите на Ковел за неталентираните пејачи беа еден од клучните фактори поради кој многу од гледачите го гледаа шоуто со огромен интерес. Според Ројтерс, оваа сезона од шоуто си заминува уште еден популарен судија- Пола Абдул. Братот на Ковел, Тони, кој е радио водител на едно неделно шоу наречено „Ковел Факторот“, во неговата емисија рече дека Симон се подготвува за неговата последна сезона на „Идол“. „Се подготвува изјава за медиумите која ќе го потврди она што сите го очекуваа- Симон ќе го напушти ‘Идол’ на крајот на 2010 година за да се концентрира на организирањето на Американската верзија на ‘X Фактор’ на US TV во 2011,“ изјави Тони. Иако сеуште е најгледаното ТВ шоу во Америка, гледаноста на „Идол“ се намали во 2009 на 26.3 милиони, од 30.8 милиони во 2006.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Убавата студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Објавено пред

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20), ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – „Мис на светот“ во Телангана, Индија.

dobivaj vesti na viber

Изборот ќе трае до 31 мај.

„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот за мис на светот 2025 година во Телангана, Индија, од 7 до 31 мај 2025 година – ‘Убавина со цел’. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата „Мис Северна Македонија“ да ги претставам прекрасната култура и наследството на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charna Nevzati (@nevzaticharna)

Во декември 2023 Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“, која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charna Nevzati (@nevzaticharna)

Прикажи повеќе...

Забава

Утврдено кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн

Објавено пред

Имотот на Лијам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на „Уан дајрекшн“, ќе управува со неговиот имот.

dobivaj vesti na viber

Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј бидејќи Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е приближно 32,2 милиона американски долари.

Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.

Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниеден дел од имотот.

Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, при падна од балкон од третиот кат во хотел во Аргентина.

Прикажи повеќе...

Забава

„Енергија без филтри, музика без маски и емоција без компромиси“, „Ареа“ најави специјален концерт на 𝟣𝟢. мај

Објавено пред

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините.

dobivaj vesti na viber

„Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во интервју по повод јубилејот, Брчиоски се навраќа на скромните почетоци, снимањето на првиот албум во студиото на МРТ – „место каде што пред нас снимале легенди како ‘Леб и сол’ и ‘Бјело дугме’“ – и потенцира дека клучот на успехот е доследноста и искреноста.

И по седум издадени албуми и стотици настапи, „Ареа“ останува верна на својот стил и на директната комуникација со публиката. Брчиоски посочува дека денешната сцена е поинаква – доминираат бројките и алгоритмите, но суштината на музиката е да биде доживување, а не производ.

Концертот во „Јавна Соба“ ќе понуди токму тоа – енергија без филтери, музика без маски, и емоција без компромис. Публиката може да очекува избор од најдоброто од дискографијата на „Ареа“, во атмосфера што ја нагласува блискоста и искреноста на живиот настап.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија9 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија9 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија11 часа

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ13 часа

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија13 часа

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија13 часа

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...

Македонија13 часа

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија14 часа

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со...

Македонија15 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија16 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ16 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија17 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија18 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет18 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион19 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет19 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа20 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет20 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа20 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...