Култура
Аватар го надмина рекордот во заработка на еден филм

Суперпордукцијата во 3Д техника на режисерот Џејмс Камерон, за само 17 денови од прикажувањето го надмина рекордот во заработка на еден филм, објави во неделата компанијата Exhibitor Relations
Научнофантастичната еколошка басна „Аватар“, во САД и Канада заработил повеќе од 350 милиони долари, а околу 670 милиони во остатокот од светот, изјавил Чад Хартиган, аналитичар на специјализираната компанија за анализи Exhibitor Relations, чие седиште е во Лос Анџелес.„Ниеден филм толку брзо не го достигна прагот од милијарда долари“, изјавил Харитган, додавајќи дека проценките се дека „Аватар“ може да заработи четири милијарди долари.Ова е, според сите податоци, најскапиот филм во историјата, чие снимање чинело меѓу 300 и 500 милиони долари, а уште за неполни три седмици од прикажуувањето е трет по заработка во историјата, по „Титаник“, исто така на Џејмс Камерон, и третиот дел од „Господарот на прстените: Враќањето на кралот“, на Питер Џексон. Филмот само за Божикниот викенд во Северна Америка заработил 75,6 милиони долари.За „Аватар“, американските филмски критичари велат дека е филм со необично богати синтетски снимки, кој е приказна за поранешен маринец Џејк, параплегичар испратен на планетата Пандора на која живета синокожите суштества Навии, на кои луѓето сакаат да им го украдат скапоцениот минерал. Необѕирајќи се на препораките од водачот на мисијата Грејс, Џејк одненадеж го заменува својот починат брат близнак и станува аватар, половина Нави половина човек. На планетата ја сретнува бестрашната воина Неитри и станува одушевен од откривањето на начинот на живеење на Навиите во потполна хармонија со природата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.