Забава
Витаминот Б6, потребен повеќе отколку што мислиме
Витаминот Б6 учествува во градењето и разградувањето на сите структури на протеините во нашиот организам, тој е многу повеќе потребен за нашиот организам, отколку што сме мислеле
Од тоа произлегуваат следниве функции: Градењето на брзо регеренативните ќелии, како што се, кожата, слузокожата, желудникот, цревата, црвените крвни зрнца, ќелиите на црниот дроб. Градење на имунолошкиот систем; Градењето на нервните трансмитери: допоминот, норадреналинот и серотонинот; Градење на протеини во мускулите; Разградување на хомоцистеинот, протеините, кој е одговорен за 10% срцеви удари; Градењето на витаминот Б3 од триптофанот; Го контролира нивото на водата во телото; Учествува во снабдувањето со шеќер во резервите на мускулите.Во организмот пиродоксинот се претвора во многу активен дериват, пиридоксал и пиридоксаминфосфат. Во случај на високопротеинска диета потребите за витаминот Б6 се зголемуваат. Ја зголемуваат утилизацијата на магнезиумот во клетките. Неопходен е за производството на хлороводородна киселина. Делува како природен диуретик. Има особено анаболичко дејство. Неопходен е за создавање на антитела и црвени крвни зрнца. Неопходен е, како и витаминот Б5, за синтеза на хемот во хемоглобинот и на цитохромите (порфирини). Потребен е за потполна апсорбција на витаминот Б12. Има антигрегационо дејство. Дел од дневните потреби за витамини Б6 се обезбедуваат преку синтеза на цревните бактерии. Ублажува мачнина, многу препарати против утринската мачнина кои лекарите ги препишуваат содржат витамин Б6. Добро ги асимилираат мастите и белковините. Помага во превенцијата против многу нервни и кожни заболувања. Ублажува ноќно грчење на мускулите, грчеви на нозете, вкочанетост на рацете и одредени облици на нервитис на екстремитетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос
Забава
(Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело
Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс.
Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025
Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед.
KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4
— acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025
Својот стил го надополни со шминка во голи тонови од нејзината колекција за убавина „Kylie Cosmetics“, а своите долги црни прамени ги остави слободно да паѓаат по грбот.

