Македонија
Груевски: Владата целосно ќе ги обесштети граѓаните од Дива населба
На првата седница на Владата веднаш по настанот во Куманово беше донесена одлука да им исплати веднаш првична помош на граѓаните во ткн Дива населба чијшто имот бил оштететен, а дополнително се утврди и целосната штета, додека оние на кои домовите им се целосно уништени ќе живеат под кирија, што ќе ја плати државата.
Ова го одговори премиерот Никола Груевски, на седницата посветена на пратенички прашања, во врска со состојбата со граѓаните од Дива населба во Куманово каде пред неколку недели се одвиваше полициска ација за сузбивање терористи, кога во престрелката загинаа десет терористи и осум полицајци, а беше причинета голмеа материјална штета.
Одлучено е да се исплати првична помош во износ од 100.000 ден по семејство, која беше доделена на 125 семејства, а беше наменета за веднаш да им се најдат парите на семејства кои имаат целосно разурнати куќи или имаат делумно оштетни куќи.
Груевски рече дека на истата владина седница било одлучено да се формира комисија која во рок од седум дена требаше да направи теренски проценки на оштетените објекти и имотите на лицата кои што живееле во тој дел на Куманово, кои имале оштетен имот движен или недвижен и по донесувањето на таа проценка и нејзиното усвојување од страна на Владата 100-процентно ќе биде исплатено обесштетување.
„Процената е завршена, а на следната седница на Влада треба да биде усвоена по што ќе следува обесштетување“, рече премиерот.
Според него, повеќе од 80 куќи биле оштетени помалку или повеќе, а 16 биле сериозно оштетени.
Било одлучено и на лицата коишто имаат куќи со големо оштетување, да им се овозможи привремен престој, додека нивните домови не бидат обновени, во други куќи или станови изнајмени под кирија, а износот на киријата ќе биде покриен од страна на Владата.
„Владата води сметка и презема чекори со кои што целосно им се помага на луѓето кои што живееја во таа населба и коишто немаат никаква вина за настаните кои се случија таму, а претрпеа штети по нивниот движен или недвижен имот. Дадена е првична помош, следува обесштетување и плус привремен престој во станови или куќи кои што ќе бидат изнајмени под кирија, а којашто ќе ја покрива Владата“, рече Груевски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

