Забава
Ванга предвидела трета светска војна во 2010-та
Бугарската гледачка во минатото и иднината, инаку родена струмичанка, Ванга Гуштерева, беше почитувана на балканскиот простор. И многу Македонци се’ уште „сведочат“ и се сеќаваат дека нејзините пророштва станале стварност. Ванга славата си ја стекна со предвидување на светските катастрофи
Првпат објавеноСпоред истражувањата на независната бугараска телевизија, докажано е дека Ванга Гуштерева ги предвидела нападите на њујоршкиот Светски трговски центар од 11-ти септември. Таа наводно рекла – „Американските браќа ќе паднат под налетот на челичната птица“.Исто така, на Ванга и’ се припишуваат и предвидувањата на Втората светска војна, на перестројката во Советскиот Сојуз, смррта на принцезата Дајана итн., па дури и потонувањето на руската подморница на атомиски погон „Курск“. Нешто слично како што со стотини години се толкуваат пишаните пророштва на Нострадамус.Оние што подолго време се занимаваат со пророштвата на Ванга, деновиве препознале и нејзино пророштво на војната во Јужна Осетија.Предвидувањето на Третата светска војна Ванга наводно го претскажала со атентати на претседатели на „четирите држави“, по војна во Хундустан, а како година на почетокот на светската катастрофа ја означила 2010-тата.Ванга беше слепа и неписмена, и цело време живееше на село, во Рупите близу Петрич. Таа тврдеше дека она што го кажува и ’ го предочуваат невидливи суштества кои и’ праќале информации низ просторот и времето, па така знаела и што се случило и што ќе се случи.Покрај за пророштво, многумина, меѓу кои и тогаш скришно, многу бугарски и југословенски комунистички политичари, па дури и припадници на тајните служби, кај Ванга одеа и за исцелување. Таа лечеше само со необработена жива и со растенија. Не ја отфрлаше современата медицина, но за неа употребата на синтетичките лекови беше „затворање на вратата низ која минува природата и воспоставува рамнотежа во нашите тела“.За неа се тврдеше и дека може да комуницира со луѓе умрени и повеќе од стотина години.Забележано е дека на некои испитувања Ванга не сакала многу да зборува за далечната иднина што го чека светот. Според она што му го кажала на еден нејзин посетител, човештвото дури за двестe години ќе воспостави врска со вселенските суштества, а некои од нив, како што кажала, одамна живеат на Земјата. Таа дури и ја именувала планетата од која доаѓаат, како Вамфим.Нејзините следбеници и оние што веруваат во нејзините пророштва велат дека таа дури и го предвидела точниот датум на својата смрт во 1996 г. Тогаш рекла дека неа ќе ја наследи исто така слепо девојче кое живее во Франција и за кое, според пророштвото, допрва треба да слушне светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.