Контакт

Забава

Дваесетина руси настрадаа од пиротехнички средства

Објавено пред

Повеќе од 20 жители на Москва беа повредени за време на празниците поради невнимателно ракување со петарди и други пиротехнички средства, соопшти руското Министерство за вондредни состојби. Во периодот од 31 декември до 3 јануари во Москва, поради неправилно

Повеќе од 20 жители на Москва беа повредени за време на празниците поради невнимателно ракување со петарди и други пиротехнички средства, соопшти руското Министерство за вондредни состојби. Во периодот од 31 декември до 3 јануари во Москва, поради неправилно ракување со пиротехника настрадаа 18 луѓе, од кои осум се деца,  се вели во соопштението на Министерството. Оваа бројка е двојно помала во споредба со минатата година кога во истиот период за 4 дена биле регистрирани 35 луѓе што настрадале од пиротехника. Најголем број повредени се регистрирани во почетокот на 2008 година, кога бројот на повредените изнесувал 35 лица. Невнимателното ракување со пиротехнички средства беше причина за пожарот во рускиот град Перм каде загинаа 154 луѓе./крај/фо/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Принцот Чарлс ја покажа својата градска страна

Објавено пред

Принцот Чарлс, идниот британски крал, покажа „нова страна на екстроверт“ во текот на посетата на Банката на Англија со сопругата Камила, војвотката од Корнвол во средата, тврди експерт за говор на тело цитиран од  „Дејли експрес“.

Принцот  Чарлс (73) тешко дека е познат по својот сарторијален вкус, но се чини дека идниот монарх покажа нова раскошна страна на својата личност, со прилично смела облека за да ја посети Банката на Англија. Експерт за говор на тело тврди дека пругастиот костум  и „ситибој вратоврска“ ја навестуваат неговата желба да се вклопи во банкарите што ги посети, пренесува весникот.

Чарлс извршува низа важни работаиво име на кралицата, и во средата ова вклучуваше посета на Банката на Англија.

Тој го посети националното тело за да добие увид во активностите и програмите на банката за да помогне во поддршката на економијата на Велика Британија среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Забава

Ѕвездите што го критикувале Трамп отпаднаа од кампањата за подигање на јавната свест за Ковид-19

Објавено пред

Администрацијата на Трамп им забрани на 264 славни личности да се појават во рекламна кампања за подигање на свеста за короновирус и одобри само десет, бидејќи sвезди како Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера го критикувале претседателот.

Администрацијата на Трамп неодамна ја одобри рекламната кампања во износ од 250 милиони долари со стотици познати личности што ќе учествуваат во неа, иако речиси сите беа отфрлени поради партиски политчки интереси, вклучително и Били Ајлиш, пренесуваат американски медиуми.

Кампањата била иницирана само неколку недели пред изборите. Целта била да се „победи очајот и да се инспирира надеж“ среде пандемија на коронавирусот со тоа што ќе се ангажираат забавувачи во специјалната програма. Кампањата состави список со 274 славни личности кои би можеле да бидат вклучени, пренесува „Вашингтон пост“.

Од 274 познати личности на списокот, само 10 беа одобрени, а другите отпаднале или поради поддршка на поранешниот претседател Барак Обама или дека биле критички настроени кон Трамп, а некои и поради поддршка на правата на хомосексуалците и/или истополовите бракови.

Ајлиш (18) не била земена предвид за кампањата бидејќи таа не е поддржувач на Трамп и поради нејзините коментари на Демократската национална конвенција во август, каде што беше цитирана како вели: „Трамп ја уништува нашата земја и сè што ни е важно“.

Прикажи повеќе...

Забава

Ева Лонгорија ќе глуми во комедија

Објавено пред

Популарноста ја стекна со улогата на Габриела Солис во хит-серијата „Очајни домаќинки“ на Еј-би-си, која траеше од 2004 до 2012 година.

А сега Ева Лонгорија потпиша да глуми во комедијата Unplugging („Исклучување“).

Актерката (45) ја заменува Исла Фишер, која првично требаше да глуми во филмот наспроти Мет Волш.

Волш, најпознат по улогата на Мајк Меклинток во Veep на „Ејч-би-о“, е коавтор на сценариото за филмот, кој моментно се снима во Оклахома.

Приказната се фокусира на еден пар, кој по смртта на нивниот пријател тргнуваат кон далечен град на забавен дигитален детокс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Свет47 минути

Фаучи: Првите дози од вакцината ќе бидат достапни кон крајот на декември или почетокот на јануари

Ако сè оди добро, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус најверојатно ќе бидат достапни кон крајот на...

Македонија54 минути

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Европа1 час

Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека...

Регион2 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија2 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно3 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа3 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа4 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа4 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет16 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија17 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија18 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет19 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија21 час

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија22 часа

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија22 часа

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија24 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Досие