Европа
Мароканец нападнал со нож мајка и ќерки во парк во Франција
Жена и три деца се повредени со нож откако биле нападнати во парк на југот на Франција, објавија француските медиуми.
Напаѓачот од мароканско потекло е уапсен во моментот додека со автомобил се обидувал да побегне од местото на настанот во близина на градот Систерон.Локалниот обвинител рече дека мотивот на нападот сѐ уште е „нејасен“.Мајка(46) и ќерките од осум, 12 и 14 години биле нападнати во моментот додека појадувале во паркот.Повредените се префрлени во болница, а на најмладата жртва и биле пробиени белите дробови.Уапсениот од претходно и е познат на полицијата, а нема индиции дека нападот е од верска природа.Неименувани извори пренесуваат дека му попречила облеката на жртвите, но обвинителот рече дека „сето тоа се само гласини и дека тој ништо не кажал во полиција“.Нападот се случува по само еден ден откако 17 годишен Авганистанец во понеделник навечер со нож и секира рани четири лица во воз во Германија.Франција сѐ уште закрепнува од минатонеделниот напад во Ница, кога француски државјанин со туниско потекло со камион усмрти 84 и рани стотина луѓе. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.