Економија
Средба на министерот за земјоделие Димовски со претставници на Долниот дом на Руската државна дума
Во функција на конкретна реалзиција на разговорите, во понеделникот во Москва е договорени формирање на македонско-руска парламентарна работна група за унапредување на трговската соработка, а во која на предлог на руската страна би членувале и истакнати бизнисмени.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заедно со амбасадорот на Република Македонија во Русија, Илија Исајловски и директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Дејан Рунтевски, во понделникот во Москва има средба со претставници на Долниот дом на Руската државна дума предводени од Роман Кудјаков, ополномоштен претставник на политичката партија на Либерална демократска партија на Русија за меѓународни односи, Кирил Черкасов, прв заменик на претседателот на комтетот за земјоделство и Иван Абрамов, член на комтетот за регионална политика и за прашањата поврзани со Северен и Далечен исток.
Средбата беше во функција на унапредување на парламентарната соработка преку конкретни проекти во областа на земјоделството.
Акцент беше ставен на можностите за либерализација на трговскиот режим за земјоделските производи. Во овој контекст соговорниците изразија интерес за зголемување на обемот на трговска соработка меѓу двете земји преку доделување на преференцијали – како прв чекор кон либерализацијата на трговските односи, зголемување на обемот на инвестициите во земјоделството, продлабочување на соработката во рамките на Светската трговска организација и во тој контекст размена на искуства во делот на реформите во земјоделството.
Домаќините најавија посета на Република Македонија до крајот на оваа година на руска парламентарна делегација од редовите на Либерална демократската партија на Русија придружувана од група на истакнати руски бизнисмени со цел подробно информирање за инвестицискиот потенцијал во делот на земјоделството, како и восопоставување на директни контакти за извоз на земјоделски производи за потребите на рускиот пазар.
На средбата беше искажан интерес за унапредување на соработката меѓу Македонија и Амурскиот регон , кој се наоѓа на Далечниот исток на Руската Федерација, во однос пренесување на искуставата и знаењата за технологии на производство на земјоделски производи, добра земјоделска пракса и добри агро технички мерки, како и за производство на семенски материјал и сл.
Министерот Димовски на своите домаќини им се заблагодари за средбата и ги повика руските компании да дојдат во Република Македонија за поблиску да се запознаат со условите и можностите за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор.
Министерот Димовски во вторник ќе го посети македонскиот штанд на Саемот за свежо овошје и зеленчук Светот на храната, каде ќе се сретне со македонските изложувачи на саемот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

