Забава
Супер бабичка учествувала на 27 маратони за 27 дена

Жилава Британка постави светски рекорд учествувајќи на 27 добротворни маратони по ред за 27 денови низ цела Британија, пренесе BBC
Шеесет итри-годишната Роузи Сјуел Поуп го почнала својот поход по маратоните во почетокот на април а по пропатувањето 1.137 километри го заврши во саботата на плоштадот во нејзиниот роден град Тенби во Велс. Во текот на 27-те денови, Роузи учествувала на маратоните во Бристол, Тејнбриџ во Велс, па дури и на една од најпрестижните трки на светот во Лондон. Сите средства собрани од овие трки, таа ќе ги уплати во различни детски болници.Сето време, старата Британка зад себе влечела мала приколка на три тркала, во која спиела навечер. Истиот камионет, наречен Icebird (Птица од мраз) и служеше на Роузи како засолниште кога таа пред неколку години при нејзината обиколка на светските маратони, кое траеше пет години. За ова патешествие, на кое таа ги минала речиси стите држави од европа, Русија, Азија и Северна Америка, кога Поуп со нејзината Icebird мина 20 илајди километри, е добитник на Орден на Британската империја. Завршувајќи на целната линиија, Поуп признала дека е среќна, но и многу уморна. Инаку на секој маратон специјално за Поуп била внимателно мерена далечината која морала да изнесува точно точно 26 милји и 385 јарди (околу 42 километри), за да може да бидат признаени како маратони.Доколку ова нејзино постигнување биде официјално верификувано, таа ќе стане првата жена во историјата која истрчала толку многу маратони во толку краток временски период. Трчањето на маратони Поуп го започна во 2003 г. во знак на сечавање на нејзиниот сопруг кој починал од карцином.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.