Македонија
Движењето БЕСА со поддршка на штрајкот организиран од СОНК
Движењето БЕСА гo подржува штрајкот организиран од Синдикатот за образование наука и култура, истовремено го повикува Министерството за образование, да изнајде начин за комуникација со СОНК за разрешување на овие проблеми.
„Сега кога стана јасно дека над 800 илјади вработени во Македонија не успеваат со своите плати да ги подмират месечните животни трошоци, станува сè појасно колку е праведно барањето на просветните работници за повисоки примања. Па, ако се има во предвид дека оваа власт, со реформите во образованието во голема мера ја има отежнато работата на просветниот работник, жално е што сега се дрзнува да изврши притисок врз нив затоа што тие го користат своето право низ штрајк да дојдат до повеќе благосостојба во нивните животи“, се вели во соопштението од БЕСА.
Од таму прашуваат зошто Министерството за образование не пристапува кон реформирање и на платите на просветните работници.
„Ако Министерството за Образование си дава за право да направи образование по теркот на некој ’експерт’, се поставува прашањето зашто не пристапува кон реформирање и на платите на просветните работници, туку наместо тоа, се користи со казнувања од типот на казните од екстерното тестирање, а згора на тоа, извршува и притисок кон нив со методи од времето на монизмот, само затоа што тие бараат повеќе достоинство за нив самите?“, пишува во соопштението на БЕСА.
Движењето БЕСА го поддржува овој штрајк, смета дека барањата на штрајкувачите се сосема логични, легитимни и праведни и бара од власта да не се однесува арогантно и препотентно кон тие што претставуваат главен столб на едукацијата.
Притоа, се обраќа и кон албанскиот фактор во власта и му порачува да не служи само како декор во образовните плановите на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

