Македонија
Агенцијата за катастар доби сертификат за функционалност на информациските системи
На Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија во четврток ѝ беше врачен Сертификатот за функционалност на информациските системи, со што стана петтата институција во земјата која се здоби со ваков сертификат.
Од Министерстовото за информатичко општество и администрација објаснуваат дека сертификатот претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на оваа агенција, која секојдневно нуди услуги во интерес на граѓаните.
Министерот Ивановски сертификатот му го врачи на директорот на катастарот, Славче Трпески, притоа истакнувајќи дека сертификацијата се состои од голем број контроли, кои произлегуваат од светските стандарди, како што е серијата ISO 27000.
„Условите за добивање сертификат се состојат од неколку компоненти : технички барања, барања кои се однесуваат на кадар со чија помош се одржува информацискиот систем, барања за оценка и управување со ризици, барања за доверливост на информациите и нивоата на пристап до нив, како и барања за следење и управување на инциденти поврзани со информациска безбедност“, рече Ивановски.
Следен чекор е регистрирање на институцијата во системот за размена на податоци, по што Агенцијата за катастар на недвижности ќе може ефективно да го користи системот и сервисите кои ги имаат изградено.
„Очекувам во наредниот период да се сертифицираат системите и на други институции, со што ќе се овозможат услови за воведување на нови е-услуги. На тој начин, ќе можеме да го заокружиме процесот во овој домен и да создадеме еден севкупен институционален систем, кој ќе работи според највисоки стандарди од интерес за граѓаните“, додаде министерот Ивановски.
Директорот Трпески рече дека Агенцијата за катастар на недвижности е државна институција која има еден од технички најкомплексните информациски системи поставени на клауд платформа, чии податоци се заштитени со највисоки стандарди од ниво на пристап до информации до следење и строга контрола на информациската безбедност и заштита од ризици.
„Ова е признание за нашата институција која над 50 % од севкупните услуги што ги нудиме ги работиме по електронски пат, со тенденција да се поврземе со сите институции “, рече Трпески.
Инаку, досега со ваков сертификат за функционалност на информацискиот систем се здобија Царинската Управа, Народната Банка на Република Македонија, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Фондот за здравствено осигурување.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Македонија
Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со Бјорн Габриел, раководител на Канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Северна Македонија.
На средбаta, Хоџа и Бјорн разговараа за продолжување на досегашната соработка меѓу Министерството и ЕИБ, со посебен фокус на имплементацијата на стратешките проекти во областа на животната средина и водната инфраструктура.
Хоџа ја истакна важноста на континуираната поддршка од ЕИБ во реализацијата на проекти кои имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и заштитата на животната средина.
Бјорн нагласи дека Европската инвестициска банка, како банка во сопственост на земјите членки на Европската Унија и како најголема мултилатерална финансиска институција, поддржува одржливи проекти кои придонесуваат кон остварување на стратешките цели на ЕУ, со посебен фокус на Европа.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Северна Македонија имаат потпишано два кредитни договори со ЕИБ, и тоа 68 милиони евра за проектот „Изградба на станица за третман на отпадни води за градот Скопје“ и 50 милиони евра за проектот „Подобрување на водната инфраструктура во општините“, кој опфаќа 80 општини во државата.
Покрај кредитите, ЕИБ обезбедува и грантови за техничка помош, а во рамки на проектот за станицата за третман на отпадни води во Скопје се обезбедени 69 милиони евра грантови од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF), кои се администрираат преку ЕИБ како водечка банка на проектот.
Бјорн повторно ја потврди посветеноста на ЕИБ за целосна поддршка во реализацијата на проектите, потенцирајќи ја тесната соработка со проектните тимови, редовното учество на координациски состаноци и улогата на ЕИБ како мост помеѓу институциите на Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија.
Двете страни се согласија да продолжат со интензивна соработка со цел успешна имплементација на приоритетните проекти во областа на животната средина.

