Скопје
Одбележување на Светскиот ден на срцето во Градски парк
Оваа година, Светскиот ден на срцето се одбeлежува под слоганот „Избори за здраво срце за секого, секаде“, а главниот настан ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка во Скопје во недела од 10 до 14 часот.
Оваа година, Светскиот ден на срцето се одбeлежува под слоганот „Избори за здраво срце за секого, секаде“, а главниот настан ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка во Скопје во недела од 10 до 14 часот.
Организирани се бесплатни превентивни прегледи, фотографирање со мобилни телефони – селфи портрети од волонтери на НВО Здрава иднина со секој кој ја поддржува акцијата, а сликите ќе бидат објавени на веб страницата на Светската кардиолошка федерација, на Facebook, на веб страницата на Институтот за јавно здравје, дистрибуција на пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце,ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и здравите навики
Во 12 часот ќе започне пригодна програма на која ќе учествуваат актери од сите возрасти, а претставник на Институтот за јавно здравје ќе ги презентира најновите податоци и информации во врска со заболеноста и смртноста од кардиоваскуларни болести во Македонија и во светот.
Одбележувањето на Светскиот ден на срцето – 29 септември , што Македонија го прави по 15 пат, се случува со поддршка на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје.
Традиционално, Институтот за јавно здравје организира активности за подигање на свеста кај општата популација за здрав стил на живот и превeнција на ризик факторите кои доведуваат до кардиоваскуларни заболувања и последици од нив.
Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција на КВБ, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи од јавниот и приватниот сектор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование почнуваат соработка: обука за наставниците за работа со деца со посебни потреби
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари средба со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој работен состанок, соговорниците дискутираа за унапредување на можностите и квалитетот на наставата по физичко образование во основните училишта, како и за важноста на нејзината инклузивност.
Средбата претставува почеток на институционална соработка меѓу општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието. Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода да поминат обука за работа со деца со посебни потреби, која ќе започне во декември, известува Општината.

Оваа обука има за цел да обезбеди пристапност, разбирање и соодветен пристап кон секое дете, со што ќе се придонесе кон еднакви можности и поголема интеграција во наставниот процес.

-Ми беше драго што се запознавме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да направиме повеќе за здравјето и развојот на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за други можности за соработка, кои ќе придонесат за зајакнување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во фокусот на мојата работа како градоначалник ќе биде унапредувањето на спортската инфраструктура, но и подобрувањето на наставата по физичко образование, како и обезбедувањето еднакви можности за сите деца, без исклучок- изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Скопје
Градоначалничката на Кисела Вода почнува со приемни денови за граѓаните
Во насока на транспарентно и отчетно работење и со цел директна комуникација со жителите, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните.
Како што информира општината, на овој начин се воспоставува отворен и непосреден контакт со жителите, што ќе овозможи поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во општината.
Приемните денови ќе се одржуваат во просториите на Општина Кисела Вода. Заинтересираните граѓани можат да ја закажат средбата секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02/2785-401.
По пријавувањето, граѓаните ќе бидат дополнително известени за точното време на нивната средба.

