Забава
Прва жена гондолиер по 900 години
По цели 900 години машка доминација меѓу гондолиерите во Венеција, за прв пат се појави жена
По цели 900 години машка доминација меѓу гондолиерите во Венеција, за прв пат се појави жена.
Џиорџија Босколо (23), откако го помина исцрпувачкиот курс и за тоа стекна диплома, стана првата жена – гондолиер.
Курсот заедно со Џиорџија го посетувале уште две жени. Тие, исто така, поминале 400 часови настава, но не ги положиле завршните испити.
Една од нив го обвини Здружението на венецијанските гондоли за сексизам и тврди дека го спречиле нејзиниот обид да влезе во “машката работа“:
Од здружението добила едноставен одговор – дека не е доволно добра да се најде во ист ред со машките колеги.
На шестмесечниот курс Џиорџија научила како да управува со тесниот чамец со едно весло, како да го совлада венецијанските канали, односно како да ја избегнува плимата и опасните струи.
Од сега таа ќе може да пренесува туристи по градот, заедно со своите машки колеги и да отвори нов лист во историјата. Кој е подобар, ќе покаже времето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Се плашев да заспијам“: Кејт Винслет за славата по „Титаник“
Филмот „Титаник“ ја претвори Кејт Винслет во светска ѕвезда, но славата имала и своја мрачна страна. Актерката, која тогаш имала само 22 години, откри дека по излегувањето на филмот се соочила со ужасно нарушување на приватноста, што вклучувало прислушување телефонски разговори и пребарување по нејзиното ѓубре, поради што се плашела дури и да заспие. За тој бурен период од својот живот таа зборуваше во неодамнешно интервју, пишува „Ентертејнмент Викли“.
Улогата на Роуз ДеВит Букатер во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година ја лансираше Винслет во ѕвездените височини, поради што морала брзо да се прилагоди на живот под лупа на јавноста. Филмот дебитираше на првото место и таму остана неверојатни 15 недели, а таа и Леонардо Ди Каприо станаа цел на таблоидите и папараците, кои ги следеле на секој чекор.
„Не бев подготвена за тој свет“, призна Винслет во интервју за Би-Би-Си Радио 4.
Опишувајќи го тој период, Винслет рече: „Беше ужасно. Луѓето ми го прислушуваа телефонот. Беа насекаде. А јас бев сама. Ме ужаснуваше помислата на спиење.“
Особено ја вознемирувал фактот што луѓе ѝ ги пребарувале кантите за ѓубре, обидувајќи се да откријат што јаде. Таа додаде дека по огромната популарност на филмот, своето лице почнала да го гледа на насловните страници на списанија и весници, често придружено со „ужасни, страшни, всушност навредливи прекари“.
Единствениот начин на кој се справувала со притисокот, откри таа, биле едноставните нешта – разговори со пријателите и добра храна. Заклучи:
„Животот е многу подобар поради тие работи.“
Актерката раскажа дека навлегувањето во нејзината приватност повторно се засилило десетина години подоцна, кога во 2010 година се разведувала од својот втор сопруг, режисерот Сем Мендес.
„Папараците ме следеа низ Њујорк со моите две мали деца затоа што, секако, сакаа да знаат зошто Сем и јас се разделивме“, сподели таа.
На прашањето како тогаш се справувала со ситуацијата, одговори: „Едноставно ја држиш устата затворена, ја спушташ главата и продолжуваш да одиш. И се обидуваш да им ги покриеш ушите на своите деца. Се потпираш на пријателите и едноставно продолжуваш понатаму.“
Притоа им се заблагодари на пријателите за поддршката, спомнувајќи ги соседите кои ѝ оставале „чинија топла тестенини и мала чаша црвено вино“ на ѕидот меѓу нивните домови.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.

