Забава
Девет народни лекови
Можеби ќе ви звучи невистинито, но храната може многу да ви помогне да го намалите стресот
Всушност сигурнo дека некои од вас веќе знаат некои народни лекови за да ја смират главоболката, или воспалението на грлото. Кој не носел облоги со ракии или чорапи со оцет кога горел од температура? Овој пат наидовме на неколку нови трикови. Еве неколку бабини иљачи кои верувајте дека делуваат:
Вртоглавица: Гладот и жедта предизвикуваат вртоглавици, ви се темни пред очи и ви се тресе снагата. Mора да пиете вода во текот на денот. За да ви се врати снагата и да дојдете до малку енергија, каснете една коцка шеќер, чоколадо или колаче. Но, за да издржите цел ден лекот е порција ориз. Оризот, содржи јаглени хидрати кои тешко се согоруваат.Засипнат глас: Еве три совети како да го вратите гласот во нормална состојба. Пробајте да не зборувате во интервал од 10 минути. Не шепотете бидејќи така дополнително ги оптеретувате гласните жици. Направете гаргара со солена вода или со чај од камилица или магдонос.Непријатен здив: Сакате да каснете лукче, но знаете дека вечер треба да излезете со момчето. За лошиот здив одговорно е и лошото варење. Особено ако практикувате да јадете производи со полномасно млеко, како сирење и павлаки. Најдобар лек за тоа е овошјето и зеленчукот. А за моментално решение, џвакајте свеж лист од магдонос.Несоница: Освен што треба да избегнувате да пиете чај или кафе пред спиење, поработете и на исхраната. Избегнувајте мрсна храна и зачинета, бидејќи таа потешко се вари. Затоа пак млечните производи содржат Л-триптофан, аминокиселина која стимулира спиење.Изгореници: Изгорениците предизвикуваат црвенило, а посериозните и пликови. Ако имате плик морате да го дупнете за да истече водата, потоа исплакнете го местото со борова вода, намачкајте го со вазелин и превиткајте го со стерилна газа. Боровата вода е добра и за отоците.Трпки во нозете и рацете: Трпките се знак дека храната е сиромашна со калиум, кој влијае на отпуштање на мускулите. За исхраната да ја збогатите со минерални соли, јадете банани, домати и модар патлиџан. Минералната вода исто така е богата со минерални соли, но одбирајте ја внимателно. Не се препорачува сирење и млеко, бидејќи негативно делуваат на калиумот.Нервоза: Со ладна вода масирајте го вратот, лицето, градите и лактите на рацете. После тоа, обидете се да не мислите на ништо барем 5 минути. Исто така важно е и дишењето. Вдишувајте преку нос, а издишувајте преку уста. Друга опција е млакиот туш во комбинација со класична или инструментална музика.Киселина во желудник: После секој оброк имате тегоби во желудникот. Можеби е крајно време да ги оставите чоколадните меѓу оброци. Заборавете на мрсната храна или зачинетата бидејќи за да се сварат желудникот лачи повеќе сокови. Комбинациите топло-ладно не се само штетни за забите, а истото важи и за газираните пијалаци. За да се решите од непријатното чувство, пробајте со: неколку зрна ориз, жив компир, ладно млеко или голтнете семка од маслинка.Вагинални инфекции: Неправилната исхрана го намалува имунитетот, а жените тоа најмногу го чувствуваат на половите органи. Без секојдневно внесување на јаглени хидрати, минерали, витамини, здрави масти и шеќери, ќе станете склони на бактериски инфекции. Конкретно за вагиналните инфекции, јогуртот со живи ферменти е одличен. Зошто? Тие ја регулираат вагиналната бактериска флора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

