Компании
Триглав автомобилска асистенција, нова услуга на Триглав Осигурување
Триглав Осигурување воведува нова услуга, Автомобилска асистенција, достапна на клиентите на Триглав 24/7 и обезбедува помош во Македонија и во Европа.
Новата услуга опфаќа патнички возила, товарни возила со дозволена маса до 3,5 тони, специјални возила (за домување, камп приколки), како и мотоцикли Како дополнителна услуга, валидноста на асистенцијата е поврзана со времетраењето на полисата за автоодговорност или каско осигурување, но може да се склучи и поврзе со овие осигурувања во кое било време. Триглав Осигурување нуди три пакети на автомобилска асистенција, Триглав автомобилска асистенција основен пакет, Триглав автомобилска асистенција Плус и Триглав автомобилска асистенција Комфорт. Во зависност од избраниот пакет, клиентите можат да добијат различни вклучени услуги и поддршка за возилото (помош на пат, помош во случај на изгубени клучеви, извлекување на возилото, достава на гориво, пренос на возилото, итн.) и за клиентот (превоз, заменско возило, хотелско сместување, заменски возач, придружба на малолетен клиент, помош во случај на смрт во странство, посета на роднини во странство, итн.). Во промотивниот период Триглав обезбедува посебни поволности за основниот пакет и пакетот Плус за клиентите, корисници на каско осигурување.Клиентите можат да ја добијат автомобилската асистенција на бесплатниот број 0800 16 206, за повици од Македонија, или пак на бројот +389 2 51 16 206 за повици од Македонија и од странство. “Задоволството и лојалноста на нашите клиенти се најголемиот приоритет во Триглав, и веруваме дека тие се најзначајната потврда за квалитетот што го обезбедуваме, поради што, неуморно работиме на подобрување на перформансите на компанијата. Услугите, како автомобилската асистенција се израз на нашата посветеност, на нашите клиенти да им обезбедиме беспрекорна услуга, да излеземе во пресрет на сите нивни потреби, да направиме сѐ тие во Триглав да се чувствуваат сигурно и заштитено и кај нас да ги обезбедат сите услуги коишто им се потребни, со еден збор, да бидеме нивни партнери”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ. “Триглав Осигурување повторно ја потврди својата иновативност и посветеноста кон развојот на осигурителниот пазар, како единствена осигурителна компанија која што ќе понуди на пазарот услуга како Автомобилската асистенција – услуга којашто на нашите клиенти ќе им пружи поддршка кога таа им е најмногу потребна, а тоа е нашата суштина, да создаваме и обезбедиме вредност, којашто на нашите клиенти навистина им значи”, истакна извршниот директор, Сања Танчевска. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

