Забава
Миењето раце здрава навика!

Миењето раце е најефтиниот начин да се спечи болест, порачуваат британските стручњаци од лондонската школа за хигиена и тропска медицина
Тие твдрат дека со редовно миење раце со сапун можат да се спречат преку милион смртни случаеви годишно од болести како дијареа и бројни респираторни инфекции, кои најчесто се причина за смрт на децата во земјите во развој, пренесува Ројтерс.Со миење на рацете може да се спречи и ширењето на норо и ротавирусите, како и болничките зарази со тешко излечивите бактерии МРСА. Па сепак многу луѓе ја немаат таа навика. Британските истражувачи во тек на 32 дена го проучувале однесувањето на четврт милион луѓе кои ги користеле тоалетите на сервисните станици на домашните автопати. Упоребата на сапун била следена со сензори. Се испоставило дека само 32% од мажите и 64% од жените користат сапун.Меѓутоа, рацете почесто биле миени ако над влезот во тоалетите биле поставени нарписи со содржина: „Водата не ги убива бактериите, тоа го прави сапунот“ или „Дали човекот покрај вас се мие со сапун“ што изгледа створило впечаток на следење.Воочена е и разлика во реагирањето на натписите. Додека кај жените било доволно едноставно потсетување на барањата за хигиена, кај мажите често биле потребни „посилни“ пораки од типот „Измиј го тоа со сапун или подоцна ќе го изедеш.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Чарли Шин: Во целибат сум речиси 10 години

Некогаш најплатениот ТВ-актер, Чарли Шин, откри дека од 2017 година е трезен и дека од тогаш не бил во врска.
„Ако немам девојка и не плаќам за тоа, математиката е едноставна“, изјави тој за „Пејџ сикс“.
Шин објасни дека апстиненцијата му донела мир: „Долго време сексот ми беше приоритет, но ова го доживеав како потребен одмор“.
Во мемоарите Шин вели дека немал доволно место за деца и за врски, а призна дека повеќе од гедна одина не разговарал со ќерката Сами откога почнала кариера на „Онли фанс“.
Нов документарец на „Нетфликс“ открива и бизни детали од неговото минато – од управување со авион пијан до напуштање рехабилитација за натпревар во бикини со Николас Кејџ.
Забава
Леонардо ди Каприо се шеташе на пазар во фустан, откри актерката Миријам Марголис

Актерката Миријам Марголис отворено зборуваше за своето неочекувано пријателство со Леонардо ди Каприо за време на снимањето на филмот „Ромео и Јулија“.
Таа ѝ раскажа на колумнистката на „Дејли мејл“, Брајони Гордон, како со холивудската ѕвезда поминувале часови купувајќи заедно на пазарите во Мексико Сити, каде што носењето фустани од страна на Ди Каприо довело до збунетост.
Марголис го пофали неговиот извонреден актерски талент и единствен начин на гледање на светот потсетувајќи се дека го запознала кога имал само 21 година.
Во поткастот The Life of Bryony зборуваше за својата кариера и ја промовира автобиографската книга The Little Book of Miriam.
„Мислев дека Леонардо ди Каприо е геј. Носеше фустан и, не знам, имав чувство дека сакаше коментар. Мислам дека му годи кога луѓето зборуваат за него“, изјави актерката.
„Бевме во Мексико Сити и одевме на шопинг. На сетот реков дека сакам да одам на пазар, а Лео ме праша дали може да оди со мене. Дојде во фустан – не знам зошто носеше фустан, тоа треба него да го прашате. Се сеќавам дека беше летен фустан, беше жешко тој ден“, додаде таа.
„Му реков: ‘Мислам дека си геј’. Тој ми одговори: ‘Не сум, не сум’. Јас инсистирав: ‘Мислам дека ќе сфатиш дека си, грешиш’. Сепак, тој не е геј. Мојот геј-радар тогаш згреши“, изјави Марголис.
Таа со насмевка се присети на соработката со младиот Ди Каприо опишувајќи го како навистина фин човек.
Во познатата адаптација на „Ромео и Јулија“ на Лурман од 1996 година таа ја играше дадилката.
„Беше многу драг, одличен актер и супер партнер за шопинг. Многу го засакав. Ми се допаѓаше начинот на кој гледаше на животот, а во филмот беше фантастичен“, истакна актерката.
Забава
Мачор авантурист – Кикириткa повторно се појави во паб оддалечен на 50 километри од дома

Пинат (Кикиритка) од Линколн, Велика Британија, стана редовен посетител на пабот оддалечен повеќе од 50 километри откога двапати сам се упатил во Нотингем во рок од еден месец.
Овој љубопитен мачор пред една година предизвикал вистинска паника кај своите сопственици кога исчезнал и завршил во пабот во јули, а потоа повторно во август.
„Не можам да му забележам. Ако јас побегнев од дома, паб би било одлично место за почеток на таква авантура“, изјави сопственичката Чарли Ролингс.
Кикиритка бил двапати вратен дома од страна на своите сопственици откога бил пронајден во пиварницата.
Runaway cat travels over 30 miles to pub – twice – tap the pic to read more https://t.co/CBbwMuWied
— BBC Nottingham (@BBCNottingham) September 2, 2025
Госпоѓа Ролингс, која го удомила чипираниот мачор во ноември, рече дека првпат исчезнал три недели по 3 јули.
За BBC Radio Lincolnshire изјави:
„Никогаш претходно не исчезнал, никогаш не одел далеку од дома, па не можевме да поверуваме каде отишол. Нѐ повика ветеринар и кога ни кажаа каде е, првин помисливме дека можеби го удрил автомобил“.
Таа претпоставува дека Кикиритка „влетал во нечие комбе или автомобил“ додавајќи: „со него се случиле и почудни работи“.
По второто исчезнување на 27 август, Чарли сфатила дека решителниот Кикиритка повторно го пронашол патот назад.
„Се појави во пиварницата дури во петокот, па почнувам да верувам дека можеби оди пеш. Дефинитивно, многу е бестрашен и точно знае што прави“, вели таа.
Во пиварницата Кикиритка добил и прекар – Скрич, по едно од нивните пива.
„Ќе мора да го впишеме во програмата за лојалност ако продолжи вака. Прекрасен е, малечок и многу гласен. Го нарековме Скрич затоа што првин го слушаш, па дури потоа го гледаш“, изјави Џесика Колинс, менаџерка на пиварницата.
Колинс додаде дека кога се затвора пиварницата, Кикиритка оди до пабот Vat & Fiddle, кој се наоѓа во истиот комплекс. Нејзината теорија за неговото второ појавување е дека можеби одел по шините.
Интересно, при првото исчезнување мачорот се појавил дури по една недела, но вториот пат стигнал за три дена.
„Изгледа дека сега совршено го знае патот. Секогаш е добредојден, но сепак се грижиме за него“, заклучува Колинс.