Контакт

Економија

МЗШВ: Во СДСМ се изненадени од транспарентноста на договорот со Sahara

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз очигледно изненаден дека веднаш беа доставени на јавен увид сите детали од Договорот со компанијата „Sahara Pure Eatables Corporation Limited“, компанија основана од Сахара Индија Паривар, за долгогодишен закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, бара контроверзии таму каде што не може да ги најде.

dobivaj vesti na viber

Ова се вели во реакцијата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на денешната прес-конференција на најголемата опозициска партија СДСМ, на која беше кажано дека договорот со споменатата индиска компанија не претпоставувал никакви инвестициски обврски, туку дека бил само обичен договор за закуп кој можел да биде раскинат во секое време.

„Транспарентноста на Министерството е секако доказ дека во овој случај, како и во другите активности кои ги спроведува согласно своите надлежности, нема што да крие, напротив“, се вели во соопштението на министерството.

Се нагласува и дека договорот бил склучен согласно постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште, додека обврските коишто ги преземал инвеститорот, текот на овие денови започнуваат да се спроведуваат согласно предвидената динамика.

„Како и секој друг земјоделски производител во Република Македонија кој ќе ги исполни условите пропишани со годишните програми, ова земјоделско стопанство може да биде корисник на финансиска поддршка за земјоделството. Разликата во однос на изминатиот период е што, спротивно на очекувањата, односно надежите на СДСМ дека новиот закупец на земјиштето ќе ‘произведе исто колку што произвел Агрокомбинатот Џумајлија’, Договорот го обврзува реално да инвестира ‘само’ 200 милиони евра во фарми со вкупен капацитет од 20 илјади грла и во нов преработувачки капацитет годишно да произведе 75.000 тони сточна храна и во нов капацитет за преработка на млеко да оствари 80 илјади литри производство на млеко на дневна основа во период до три години“, се вели уште во одговорот на МЗШВ.

Истовремено, се посочува изјавата, инвеститорот во согласност со Договорот, се обврзува да вработи две илјади лица во следниот три годишен период, а во согласност со утврдената динамика на активности за следните 18, 27 и 36 месеци.„Како пред тоа функционираше АК „Џумајлија“ со претходните сопственици, кои покрај другото се познати како блиски соработници на претседателката на собраниската Комисија за земјоделство, многу добро им е познато на македонските граѓани. Поразителните ефекти се видливи во постапките на ликвидацијата и тековниот судски спор и секако во распродажбата на капацитетите на комплексот кој беше еден од поголемите во македонскиот аграр. Со задоволство ќе се обидеме на загрижувачки неупатените во СДСМ повторно да им објасниме повеќе факти“, се заклучува во реакцијата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во чие продолжение се појаснува дека лицето Субхиндер Сингх Хир е управител на „Sahara Pure Eatables Corporation Limited“ ДООЕЛ од Скопје, компанија која е основана од „Сахара Индија Паривар“ и се повторуваат одредбите од Договорот објавен во неделата.

„Доколку господата од СДСМ присуствувале на јавното отворање (местото и времето на јавното отворање беше објавено во самиот јавен оглас) би биле изворно информирани за сите детали околу постапката која во целост е спроведена согласно закон. Висината за концесискиот надоместок е во рамките на законските износи за земјоделско земјиште од I-IV и V-VIII класа. На СДСМ секако им е познато дека и претходниот закупец Агрокомбинатот ‘Џумајлија’ беше обврзан дури и помал, кој во целост беше наплатен од страна на МЗШВ до раскинување на Договорот за концесија“, додаваат од министерството.

Во реакцијата се тврди дека доколку се споредат податоците за земјиштето во однос на износот на вкупната закупнина ќе се заклучи дека за земјоделското земјиште од I-IV класа закупнината изнесува над 25 евра/ха, а за катастратска класа од V-VIII закупнината изнесува над 15 евра/ха. Што значи дека во целост се запазени законските износи за висината на закупнина по катастраска класа. Според МЗШВ, имајќи ја предвид „површината која е издадена под концесија висината на концесискиот надоместок не е на штета на државните интереси“.

Додаваат, исто така, дека во огласот објавен на веб страницата на Министерството за земјоделство се наведени сите катастарски податоци за земјоделското земјиште предмет на Огласот, а во Договорот истите се негов составен дел.

„Интересна е математичката гимнастика на СДСМ и повторно тотално непознавање на законската регулатива и Програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството. За појаснување, за културите за кои е издаден договорот, под услов сите да се обработени, согласно овогодишната Програма, закупецот би добил максимално 85 илјади евра, што е далеку од износите кои СДСМ ги наведува, односно тоа би било 10 отсто од вкупниот износ на вкупниот износ на субвенцијата. Секако услов е закупецот да аплицира за субвенции“, се вели натаму.Од МЗШВ поставија и прашање за СДСМ „под кои услови до 2006 година тие ги потпишувале договорите за закуп на 30 и повеќе години на огромни земјоделски обработливи површини?!“

Кога станува збор за регулативата, се прецизира дека во завршните одредби од Договорот е предвидена јуриздикцијата на македонското право, а двете страни се запознаени за Спогодбата меѓу владите на Македонија и Индија.

„Наводната загриженост на СДСМ за склучениот Договор ја разбираме и ја сфаќаме како дел од нивниот страв од вкупните ефекти од неговата реализација и желбата по секоја цена сите позитивни трендови во македонското земјоделство да се закочат или да се сведат на состојбите до 2006 година до кога истите тие покажаа колку вистински се загрижени за земјоделските политики и проблеми“, заклучуваат од МЗШВ./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Објавено пред

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати заклучно со 31 декември, е објаснувањето на директорката Елена Петрова за пристигнатите решенија кај граѓаните на само неколку дена пред Нова година во кои им бараат да си платат данок за доходот од странство иако многумина кажуваат дека данокот е платен во странската земја со која имаме меѓународен договор за избегнување на двојно оданочување. Директорката Петрова денес долго објаснуваше за решенијата за данок на доход од странство, но во ниту еден момент не кажа дека има решенија кои се испратени по грешка оти данокот бил платен во странската земја. Таа објаснуваше дека целата активност е обемна, вклучува вкрстување неколку бази и податоци, дека работеле по доставени известувања од банките и за секој поединечно проверувале дали доходот подлежи или не подлежи на оданочување кај нас.

dobivaj vesti na viber

Оние кои пред Нова година постапиле по решението и вторпат уплатиле данок оти такви насоки добиле и од вработените во УЈП кога се пожалиле, директорката Петрова рече дека ќе ги добијат средствата назад или пак ќе им бидат пресметани за некоја од следните години. И нив и оние кои се уште не постапиле по решенијата ги повика да достават докази во канцелариите на УЈП доколку данокот е платен во странската земја.

„Секако дека ќе бидат земени предвид сите докази. Ќе се утврди, зависно од меѓународниот договор доколку со земјата имаме склучено меѓународен договор, каде треба да се плати данокот, а каде треба да се изврши поврат или доколку е возможно платениот данок во странство да се прифати како даночен кредит па на уплатата што е извршена овде може да се изврши враќање или да се прифати за друг долг за следна година на соодветното лице“, реле директорката Петрова и објасни дека секој случај ќе се разгледува поединечно и даночниот обврзник ќе биде дополнително известен дали доставениот доказ се прифаќа или не.

Директорката Петрова не кажа конкретно колкав период имаат граѓаните за да достават докази за платен данок на доход од странство но јавно ги повика да го сторат тоа.

„Имајќи предвид дека граѓаните мора да се вратат и да обезбедат докази за пет години наназад, за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји ние ќе им овозможиме на граѓаните и дополнително да достават докази, еве во овој период повикани се граѓаните, јавно ги повикувам и сега сите што имаат и што може да обезбедат докази да ги достават до сите даночни канцеларии на УЈП. Ние ќе ги разгледаме тие докази и што може, ќе биде прифатено. Доставените решенија мораше да бидат донесени до 31 декември, тоа се аконтативни решенија и после врз основа на тие решенија и врз основа на, се разбира  дополнително доставените докази, ние треба да преминеме кон коригирање на годишната даночна пријава за 2020 година, односно на конечниот данок за 2020 година. После тоа ќе следат оние постапки за наплата, значи се уште имаме период во кој граѓаните доколку имаат докази можат да ги достават“, објасни директорката Петрова.

За данокот на доход остварен во странство, директорката Петрова кажа дека УЈП испратило над 11.000 персонализирани известувања со секој граѓанин што се појавил во податоците. Утврдиле дека  6.600 граѓани од нив подлежат на оданочување. 2.200 граѓани сами поднеле пресметка за оданочување, а за 4.400 Управата донела решенија по службена должност.

Вкупно утврдениот данок изнесува 186 милиони денари или три милиони евра за 2020 година.

Директорката Петрова нагласи дека главна цел не е само да се соберат пари туку да се создаде даночна дисциплина.

„Јас апелирам граѓаните да си ги обезбедат во овој период што им е даден и доказите за другите години бидејќи ние ќе го утврдуваме данокот и за следните периоди од 2021 до 2025 година и редовно да си ги пријавуваат отсега натаму доходите остварени во странство. Нашата цел не е само тој данок да се утврди и плати туку и отсега понатаму да се воспостави ред и функционирање на системот“, рече директорката Петрова.

Доходот се пријавува по истекот на месецот до 10. во следниот месец освен доходите од плата и пензија кои што се пријавуваат до 31 март по истекот на годината

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Македонија3 часа

ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица

„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема...

Македонија3 часа

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од...

Економија4 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија4 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ5 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа5 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет5 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет7 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет7 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа7 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија7 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија8 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија19 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија21 час

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија23 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија1 ден

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...