Контакт

Економија

Мебел 2013 ќе се одржи од 26 до 31 март

Објавено пред

Саемската манифестација Мебел 2013 ќе се одржи од 26. до 31. март на целиот капацитет на Скопски саем, бројните изложувачи ќе ја рпетстават својата богата палета на македонската јавност.

dobivaj vesti na viber

“Минатата година оваа саемска манифестација ја посетија повеќе од 50.000 посетители. Оваа година се очекува Мебел 2013 да привлече уште поголем број на посетители во текот на шесте саемски денови. Големата заинтересираност од страна на посетитетлите е поради сè почестата потреба односно порив за промена, освежување, адаптирање во своите домови, а пак од друга страна, производителите се спремни со своите креативни дизајн решенија да ги задоволат потребите на потрошувачите,” изјави оперативниот директор на проектот МЕБЕЛ 2013, Магдалена Хамбова.На манифетсацијата се очекува да се претстават над 160 директни учесници од Италија, Грција, Бугарија, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Чешка и Македонија која оваа година како домаќин бележи значителен пораст во изложувачкиот дел со нови производни компании од оваа област. Преку групно учество и оваа година Република Турција ќе го претстави својот изострен вкус за дизајн, производство на мебел и репроматеријали. Цена на влезниците за посетители е 100 денари за еднократен влез, и 300 денари за цело времетраење на саемот. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Објавено пред

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

dobivaj vesti na viber

Одлуката е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.

„Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем. Како веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат,“ изјави министерката Божиновска.

Оваа мерка, која за првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растерети електроенергетската мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.

Мерките предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност, велат од Министерството за енергетика.

Прикажи повеќе...

Економија

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Објавено пред

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може да продолжи, најави денес заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој смета дека со сите досегашни мерки трговците ја научиле лекцијата и нема вештачки да ги креваат инфлацијата и цените.

dobivaj vesti na viber

Првин ќе видиме какви конечни резултати даде мерката. Од она што го имавме досега од Државниот завод за статистика, резултатите беа добри, ги знаете податоците, но крајните резултати ги чекаме наредната недела.

„Ако има потреба, би продолжиле со мерката, ако нема, тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените. Се надевам дека поучени од минатото сите оние учесници во синџирот на трговијата ја научија лекцијата дека, пред сè, треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард. Ние сите заедно треба да направиме сè за да го заштитиме стандардот на граѓаните, односно да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и на цените кога нема економски услови за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата“, рече заменик-министерот Ристески.

Според досегашните податоци од Државниот завод за статистика, досегашната мерка, според Ристески, дала добри резултати, но за одлука дали таа ќе продолжи, ќе ги почекаат конечните резултати. Тие ќе бидат готови следната недела.

Во февруари годинава, Владата, за да го заузда покачувањето на цените, донесе одлука за ограничување на профитните бруто- маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена со важност до крајот на април.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици.

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Таа нагласи дека Северна Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

„Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска.

Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Северна Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW.

„Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор.

Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици.

„Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска.

Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ48 минути

50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија1 час

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија2 часа

„Дали криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија2 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија2 часа

ВЛЕН: По 22 години измама, носиме канализација во Зајаз на Али Ахмети

„Кичево, градот кој беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет3 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа13 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија14 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија15 часа

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија16 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија17 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија18 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија19 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија20 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија22 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија22 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија23 часа

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија23 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија23 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...