Култура
„Училиште за едно дете“ најдобар краток документарен филм во Словачка
Краткиот документарен филм „Училиште за едно дете“ на авторот Саше Димовски, е добитник на престижната награда за краток документарен филм на 17-от интернационал фестивал “Златен Просјак“ во Кошице, Република Словачка.
Краткиот документарен филм „Училиште за едно дете“ на авторот Саше Димовски, е добитник на престижната награда за краток документарен филм на 17-от интернационал фестивал “Златен Просјак“ во Кошице, Република Словачка. Интернационалното жири составено од членови од САД, Италија, Франција, Полска, Словачка, оцени дека “Училиште за едно дете“ е „совршена приказна со внимателно одбрани слики за животот на единствениот ученик Петар Чакрески во училиштето во Витолиште, село во изумирање“. Паричната награда ја додели „Fogelsong Family Fondation“ од САД.Наградата на Саше Димовски му беше врачена викендов, на гала вечерта на затворање на годинешното издание на Интернационалниот телевизиски фестивал на документарни филмови „Златен просјак“ во Кошице. Во официјалната програма на фестивалот, насловена „Европа на платно“ во натпреварувачкиот дел учествуваа 88 селектирани филмови од 35 земји во светот на 135 автори.Осум минутниот филм ја доби највисоката награда во категорија на кратки документарни филмови и е единствен добитник на награда за филм од Балканските простори. Училиште за едно дете“ во март оваа година ја доби Гран -При наградата на Телевизискиот Фестивал “Пресс Витез“ во Нови СадНа фестивалот беа наградени филмови од Франција, Словачка, Естонија, Чешка, Шпанија. „Училиште за едно дете“ на Фестивалот во Кошице ја доби и наградата од публика, како најдобар филм за кој гласаа учесниците на фестивалот, по што беше прикажан и на словачката телевизија „Наша“.Од повеќе продуценти, филмот е поканет за учество на неколку европски фестивали. Камерата е на Душан Кардалески, монтажата на Баже Дулев, а продуцент е Квазар Филм од Скопје.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.