Македонија
ФЗОМ: Одговорност ќе има ако родителите на Тамара инциираат постапка
Одговорност ќе има доколку родителите на Тамара иницираат каква и да е постапка за одговорност за смртта на малото девојче од Велес со компликации на рбетот.
Бранко Аџигогов, советникот на директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева-Змејкова, на новинарските прашања зошто процедурата била толку бавна и дали некој ќе сноси одговорност, остави за тоа да одлучат родителите на Тамара. Објасни дека свикал прес-конгференција за да ги негира информациите дека Фондот за здравсвено осигурување (ФЗОМ) е директен виновник за смртта на девојчето.„Доколку родителите сакаат да иницираат било каква одговорност, институциите стојат во заштита на граѓаните и не би можеле да се мешаме каква е одлуката на родителите“, изјави Аџигогов.Според обајснувањата на Фондот, случајот бил позитивно решен од декември 2014 година.„Би сакале да појасниме дека овој случај беше позитивно решен уште од декември 2014 година, имаше позитивно решение. Во комуникации и консултации со родителите, како и по извршените прегледи од професор Уфук, којшто е носител на проектот за развивање на спиналниот центар во државно здравство, беше констатирано дека случајот е комплициран и дека е потребно дополнителен ангажман на двајца спинални хирурзи. Воедно одлучено беше да се изврши операцијата во ‘Аџибадем’ во Турција. Во согласност и по консултации со родителите, тоа беше одлучено да се изврши по 8-ми февруари да се добие датум и осигуреничката да отиде на лекување во странство. Како што знаете, Т.Д. почина и изразуваме жалост“, рече Аџигогов.Иако во Комисијата која го води случајот имало 14 лекари, сите ја потврдиле сериозноста на состојбата, но за комликациите од болеста надлежна била друга институција.Фондот за здравство во два наврата го одбило семесјтвото на Тамара за лекување во странство, првиот пат во 2012, а вториот пат во 2014 година, но сепак мајката на девојчето во двата случаи преку медиумите издејствува да се добијат пари за лекување на девојчето во странство.Минатата година не дале позитивно мислење, бидејќи миселеле дека операцијата може да се изведе во спиналниот ценатр во Македонија, но по извршената ревизија и по самите прегледи на девојчето констатирано било дека операцијата не може да се изведе во овој центар поради комплицираноста на случајот.Не даде одговор на прашањето дали ФЗОМ добиле допис од Министерството за здравство сите случаи на сколиоза да не се испраќаат во странство, туку да се чека пуштањето во употреба на Спиналниот центар во Скопје.Аџигогов вели дека поради комплицираноста на случајот тешко можело да се најде центар каде што ќе се оперира Тамара. Сепак, центарот во Турција се согласил и биле ангажирано дополнително уште двајца експерти за вакви операции, а терминот за операцијата требало да се добие неделава и девојчето да замине на лекување. Хелсиншкиот комитет смета дека Тамара е директна жртва на „неефикасниот систем на здравствена заштита и немањето волја овој случај да добие позитивна разрешница од страна на Фондот за здравствено осигурување“. Оттаму најавуваат кривични пријави против одговорните во ФЗОМ и Министерството за здравство.Од Хелсиншкиот комитет во соопштението во понеделникот известија дека доставиле барање за информации до Фондот за здравствено осигурување и инсистирале на образложение за причините поради кои се игнорира конзилијарното мислење на ЈЗУ – Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје во кое беше констатирано дека не постои можност да се спроведе соодветно лекување во нашите здравствени установи, а заради тежината на деформитетот и специфичната тежина на предложениот оперативен зафат и притоа се донесе негативно решение за лекување на Тамара во странство. Од документацијата која ја добиле можело да се утврди дека Фондот за здравствено осигурување се обратил и до специјалните болници по хируршки болести во државава, но ниту една од нив не се нафатила да го изврши оперативниот зафат. Хелсиншкиот комитет не доби одговор на барањата за информации, ниту пак доби можност да оствари средба со одговорните лица во Фондот. „Имајќи ги предвид последиците од ваквиот однос на Фондот и Министерството за здравство кон животот на едно дете, Хелсиншкиот комитет повторно прашува зошто беше ветувано дека на Тамара ќе и биде овозможено лекување во странство, а тоа никогаш не се случи? Имајќи ја предвид влошената здравствена состојба на Тамара, зошто се оддолжуваше постапката и не се донесе конечно позитивно решение? За Хелсиншкиот комитет не постојат никакви дилеми за одговорноста во случајот од страна на Фондот за здравствено здравствено осигурување и Министерството за здравство. Од тие причини, доколку не биде преземена одговорност од страна на раководните лица во овие институции, Хелсиншкиот комитет ќе поднесе кривични пријави протов директорката и членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување за несовесно работење во службата, а доколку постои согласност од страна на родителите ќе биде поднесен предлог за кривично гонење против одговорните лица во Министерството за здравство“, соопштуваат од Хелсиншки.Од Министерството за здратсво засега нема никаква реакција на информацијата за смртта на малата Тамара, које предизвика револт и тага кај македонските граѓани./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата
На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку кој ќе профункционира системот „Сејф сити”, Левица ќе поднесува измени особено во однос на глобите, односно ќе бараат скалесто казнување.
„Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 ЕУР и луѓе со месечни примања и од по 50.000 ЕУР”, рече Крмов.
За Предлог-измените на Законот за прекршоци со цел имплементација на системот „Сејф сити”, Крмов истакна дека законското решение не е совршено, но пратеничката група на Левица ќе го поддржи бидејќи ценат дека тој систем би можел да спаси животи.
Пратеникот најави дека ќе следат корекции „во од” како што најави и власта, а при истите Левица ќе има свои предлози за кои побара поддршка од владејачкото мнозинство.
Македонија
Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител
Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.
Против неговиот избор гласаа шест пратеници, а од вкупниот број пратеници што доаѓаат од заедници кои не се мнозинство, 28 беа „за“, додека осум гласаа „против“.
Сељами има завршено Правен факултет на Универзитетот во Тетово и постдипломски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа. Работел во Агенцијата за информации, до 2008 работел во Комисијата за заштита на правата за слободен пристап на информации од јавен карактер. Од октомври 2008 година бил вработен во канцеларијата на народниот правобранител во Скопје. Во 2018 година Сељами бил именуван за генерален секретар во Министерството за правда и од 2020 е вработен во регионалната единица на Министерството за правда во Тетово. Од 2023 година работел како раководител на одделение за политички систем во Министерството за правда.
Тој доаѓа на местото на Насер Зибер, кој на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија.
Македонија
Муцунски на министерски состанок во Истанбул: За справување со закани потребна е засилена координација и размена на информации во регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста на реалистичен и резултатски ориентиран пристап кон регионалната соработка, нагласувајќи дека стабилноста не е стекната, туку се гради преку јасни интереси, практична соработка и конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат во секојдневниот живот. Тој потенцираше дека во услови на зголемена глобална фрагментација, конкурентност и безбедносни предизвици, земјите од Западен Балкан треба да ја претворат својата географија во предност, а политиката во мерливи исходи.
Министерот Муцунски ја нагласи значајната улога на Република Турција како сосед, сојузник во НАТО, важен економски партнер и стратешки мост, оценувајќи дека Балканската платформа за мир претставува корисен механизам за претворање на дијалогот во конкретни активности. Во тој контекст, тој предложи јасна и остварлива агенда за продлабочување на соработката меѓу Турција и земјите од Западен Балкан, со фокус на економската и инвестициската поврзаност, енергетската безбедност, подобрувањето на транспортната и трговската инфраструктура, како и задржувањето на младите и квалификуваната работна сила во регионот.
Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на регионалната безбедносна соработка, вклучително и справувањето со современите закани како организираниот криминал, сајбер-нападите, дезинформациите и насилниот екстремизам, при што беше нагласена потребата од засилена координација, заеднички обуки и размена на информации.
Министерот Муцунски истакна дека Република Северна Македонија е подготвена активно да придонесе кон оваа агенда, преку инвестирање во енергетска диверзификација, унапредување на регионалната поврзаност, јакнење на безбедносните партнерства и континуирана посветеност на дијалогот и добрососедските односи. Во завршницата на обраќањето, тој нагласи дека кредибилитетот на Платформата треба да се мери преку конкретни резултати, јасно дефинирани активности, носители и рокови, оценувајќи дека во актуелната деценија довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати.

