Контакт

Економија

Неочекуван пораст на прометот во малопродажбата во еврозоната

Објавено пред

Прометот во малопродажбата во еврозоната неочекувано порасна во март и тоа за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, објави во вторникот Eurostat.

dobivaj vesti na viber

Економистите во анкетите проценуваа дека прометот во малопродажбата паднал за 0,2 отсто.Растот на малопродажбата  во март на месечно ниво беше поттикнат од 1,3-отстотен скок на продажба на храната, пијалоците и тутунот, што е најдобар резултат од јуни 2011 година.Во споредба со истиот период минатата година, малопродажбата во еврозоната пораснала за 0,9 отсто, што е воглавно со очекувањата.Во втората по големина економија на еврозоната, Франција малопродажата е зголемена за 2,3 отсто на месечно ниво, како и 24 отсто  во однос на претходната година, додека продажбата во Германија е намалена за 0,7 отсто во однос на февруари, но порасна за 0,8 отсто, во однос на претходната година.На годишно ниво, сите држави на еврозоната, освен Шпанија, Малта, Словенија и финска остварија раст на малопродажбата.И покрај најновите податоци за раст на потрошувачката, економското закрепнување на еврозоната се уште во голема мера се потпира на извозот, со оглед дека Европејците и натаму се колебаат да трошат со оглед на рекордната невработеност и неизвесните економски изгледи, наведуваат аналитичарите.  /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Објавено пред

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

dobivaj vesti na viber

Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена ние покажавме домаќинско работење и ги враќаме долговите

Објавено пред

„Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена, ако ја споредиме фактичката состојба којашто ја наследивме како Влада, од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари, можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула.

dobivaj vesti na viber

А, што се однесува до институциите, надвор од Владините институции, министерствата, останатите претпријатија, можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови отприлика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на санирање и намалување на истите. Фондот за здравство е исто така околу 5 милијарди денари, веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени овој месец, ќе бидат вратени оваа година. Ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула, затоа што кога сме во состојба нула и кога не барате одложено плаќање, тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите, ќе бидат поевтини и поквалитетни.

Но тоа не е сѐ, тука се оние јавни претпријатија коишто е Национални шуми, Водостопанство, каде што долговите беа речи си милијарда денари, само по основ на плати беа близу половина милијарда. Или ако сѐ се собере можам да кажам дека, не само што го беа потрошиле Буџетот за помалку од половина година, туку и долговите кои што беа големи се бројат во, она коешто го затекнавме се брои отприлика околу една милијарда евра, нешто коешто претставува историски највисоко ниво на долгови коешто една Влада го наследила.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со долговите на институциите и колку истите во првите 100 дена Владата успеала да ги врати и додаде:

„Но нема очајување, тоа е што е, сега сме се нафатиле за оваа работа, сме ја добиле довербата од граѓаните, работиме многу и ќе продолжиме да работиме. Сите го знаат тоа, не е некоја тајна коешто ова го зборувам јас денеска, ако беа добри немаше сигурно да бидеме ние тука, така што ќе продолжиме да работиме и да ги потсетуваме граѓаните каква лоша и очајна состојба оставија, но истовремено мора да дадеме сѐ од себе за да, или вака да го кажам тоа спортски, да го ставиме срцето на терен за да излеземе од оваа ситуација и мислам дека до крајот на оваа година ќе можеме да кажеме дека сме излегле од оваа ситуација.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

УСЈЕ го претстави својот напреден пристап во примената на вештачката интелигенција на AI Tech Summit 2024

Објавено пред

ТИТАН УСЈЕ го презентираше иновативните решенија во примената на вештачката интелигенција на годинешниот AI Tech Summit, кој на едно место собра водечки светски компании и експерти од областа на напредни технологии и вештачка интелигенција. Самитот кој се одржа во Скопје е еден од најзначајните настани на оваа тема во Југоисточна Европа, а ги обединува технолошките иноватори, истражувачи и деловни лидери кои ги презентираат најновите достигнувања во примената на вештачката интелигенција во различни индустрии.

dobivaj vesti na viber

Панагиотис Маргарис, директорот за дигитални решенија на групацијата ТИТАН, која раководи со 14 цементарници во Северна и Јужна Америка, Африка и во Југоисточна Европа, ја претстави стратегијата на ТИТАН за имплементација на оперативен модел од следната генерација преку дигитална трансформација кој групацијата го имплементира постапно во сите свои цементарници. „Покрај другите бенефити, иновативните технолошки решенија и вештачката интелигенција ни овозможуваат високо ефикасен модел за користење на обновливата енергија, зелената инфраструктура, практиките од циркуларната економија и дигитална оптимизација, со крајна цел за декарбонизација на производството на цемент. Овој процес е управуван од централизирана експертиза од светска класа, а егзекуцијата успешно ја спроведуваат локалните експертски тимови. Горди сме што прераснуваме во еден од предводниците во секторот во однос на спроведувањето на иновативни дигитални решенија со примена на ВИ во секојдневното работење“, објасни Маргарис.

Во рамки на оваа стратегија на групацијата тимот на Цементарницата УСЈЕ во соработка со тимот за дигитализација на групацијата имплементираше автономен систем за оптимизација на производството во реално време – пионерско решение во цементната индустрија, кое понатаму се воведува во сите цементарници на групацијата. „Со користење на иновативните технологии и вештачката интелигенција успеавме да ја максимизираме пропусната моќ во производството, во исто време намалувајќи ја потрошувачката на енергија и подобрувајќи го квалитетот на конечниот производ. Конечно, постигнавме значајно намалување на емисиите на CO2, што е стратешка определба на нашата групација“, истакна Дејан Величковски, менаџер за дигитализација, ИТ инфраструктура и безбедност во Цементарница УСЈЕ.

Со учеството на овој значаен настан, ТИТАН УСЈЕ уште еднаш ја потврди својата посветеност на иновациите, ефикасноста и одржливоста, користејќи ги најсовремените технологии за подобрување на производните процеси и за намалување на влијанието врз животната средина.

На самитот учествуваа претставници на гиганти како Google, Microsoft, Amazon, NVIDIA, Netflix, како и голем број регионални и глобални технолошки компании. Нивните претставувања го истакнаа огромниот потенцијал на вештачката интелигенција за трансформација на различни сектори како ИТ, финансии, здравство, производство, забава и многу други. AI Tech Summit претставува важна платформа за регионално вмрежување и соработка меѓу професионалци од индустриите, истовремено овозможувајќи дискусии за иднината на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз глобалната економија.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Тешка е ситуацијата во неколку...

Македонија2 часа

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион2 часа

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет2 часа

Фицо: Се додека сум на власт ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет2 часа

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет2 часа

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет2 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија15 часа

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион17 часа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија18 часа

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ20 часа

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Спорт22 часа

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион22 часа

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија23 часа

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...

Спорт1 ден

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Скопје1 ден

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ2 дена

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија2 дена

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија2 дена

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија2 дена

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...