Македонија
Студентите уште чекаат реакција од МОН за екстерното тестирање
Ние како студентски пленум, сè уште чекаме реакција од Министерството за образование и наука. Ние ќе имаме одредени посоодветни мерки во однос на тоа што ќе го предложат, доколку воопшто одговорат на нашите барања. Доколку не, ние ќе одиме повторно со протест, иако тоа сè уште не е одлучено на координаторните точки на пленумот“, изјави за Радио Слободна Европа Владимир Делов од студентскиот пленум, кој го организираше вчерашниот студентски марш.
Од студентскиот пленум сметаат дека со предлог законот на студентите им се ускратува и им се крши правото на образование, се упаѓа во автономијата на универзитетите, а е против наставните програми по болоњскиот систем врз кој се креира оценката за знаењето на студентите.
Од студентскиот пленум бараат Адеми да го отфрли предлог законот и да си останат досегашните методи на евалуација, кои досега функционирале. Нивната работа, вели Делов, нема да запре само на спречување на екстерното тестирање.
„Веруваме дека можеме да направиме промени, односно да ги запреме најавените реформи и понатаму да работиме на подобрување на високото образование. Нашата цел не застанува само во однос на решавањето на оваа предлог мерка за воведување на екстерно тестирање“, вели Делов. /крај/рсе/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа–Солстром: Шведска, клучен партнер во еколошките реформи
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, на која беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата.
Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската унија и Швајцарија.
На средбата беа презентирани тековните и планираните заеднички проекти, со посебен акцент на управувањето со отпад, зајакнувањето на институционалните капацитети за Поглавје 27 и активностите за подобрување на квалитетот на воздухот.
Посебно внимание беше посветено на регионалните и националните иницијативи за справување со загадувањето на воздухот, вклучително и проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој се реализира со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и УНДП.
Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за продолжување и продлабочување на соработката со Кралството Шведска, во насока на заштита на животната средина и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија.
Македонија
Државните патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
AМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година, потсетуваат од АМСМ.
ФРЕИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре делови од Општина Гази Баба без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализацијa известуваaт дека утре ( четврток ) поради промена на шибер Ф-80мм на ул.Јани Лукровски бб и пред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јани Лукровски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.(општина Гази Баба)

