Надворешна политика
Иванов во телефонски разговор ја информираше Меркел за последните состојби околу бегалската криза
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/ivanov20merkel.jpg)
Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов во средата во телефонски разговор ја информираше германската канцеларка Ангела Меркел околу последните случувања и состојби со мигрантската и бегалската криза по одлуката за затворање на таканаречениот „балканскиот коридор“.
Иванов ја информираше германската канцеларка за инцидентот што се случи на 14-ти март на јужната гранична линија и обидот за влез на неконтролиран број мигранти и странски државјани на територијата на Македонија.
Двајцата соговорници го осудија инцидентот, при што канцеларката Меркел изрази поддршка на борбата против илегална миграција и се согласи дека мигрантите и бегалците мора да го напуштат импровизираниот камп во Идомени. Во тој контекст, Меркел истакна дека мора да престанат обидите за илегално минување на границата, како и поттикнувањето на илегалната миграција.
Претседателот Иванов ја информираше канцеларката Меркел дека македонските безбедносни сили спроведоа навремена, успешна и одговорна реакција без употреба на сила и побара итен прекин на практиката на носење дополнителен број мигранти кои би поставувале кампови на самата гранична линија на Република Македонија.
Македонскиот претседател истакна дека Македонија доследно ќе ја почитува одлуката за затворање на балканскиот коридорот за илегални премини и дека македонските безбедносни институции и во иднина ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза, притоа имајќи ја предвид обврската за хуман третман на бегалците. Во тој контекст македонскиот претседател повторно упати покана до германската федерална гранична полиција да биде дел од полицискиот контингент на ЕУ на јужната и северната граница на Македонија.
Иванов истакна дека Македонија и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за да превенира евентуални повторни обиди за илегален влез.
Со цел успешно справување со заканите од илегална миграција, Иванов го реафирмираше барањето за поголема политичка поддршка од ЕУ, за поголема логистичка помош од Европската комисија, како и барањето на опрема за заштита на границата и за регистрација на мигранти. Воедно, македонскиот претседател ја истакна потребата од зголемување на заедничката соработка меѓу разузнавачките служби за заканите и ризиците, преку дозволен пристап на земјите кои се дел од транзитниот коридор до збирките на податоци на телата на Унијата.
Во разговорите беа разменети мислења околу можните решенија за мигрантите и бегалците кои во моментов се затекнати на територијата на Македонија и другите земји од балканскиот коридор, како и за можностите за воспоставување на механизам за легална миграција помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан.
Во телефонскиот разговор соговорниците го поздравија договорот меѓу ЕУ и Турција и изразија надеж дека истиот ќе биде доследно спроведен и ќе даде позитивни резултати во справување со мигрантската криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.