Македонија
Студентски пленум: Премиерот попушти, но пленумци не се наивни

Студентскиот пленум по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски на која се договори одложување на Законот за високо образование за една година очекува укинување на новиот Закон за високо образование и донесување на целосно нов Закон.
„Пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни. Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв… Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот“ соопштуваат од Студентскиот пленум.
Тие, сепак, остануваат будни и порачуваат дека студентскиот фронт не е затворен.
„Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен!“ порачуваат студентите./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека двете лица се извлечени и се наоѓаат во возило на Итната медицинска помош.
Во акцијата учестуваше и спасувачки хелихоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“.
„Припадници на Специјалната антитерористичка единица Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координирана акција со Полициското одделение Маврово и наведените институции од водите на езерото во 15.10 часот успешно ги извлекле Х.Б.(24) и И.Р.(23), двајцата од Скопје, во контактибилна состојба, по што биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за преглед“, известија од МВР.
Инаку, како што информираат од ЦУК, откако им се превртел чамецот, двете лица успеале да се задржат на него. Но, поради силниот ветер и брановите, со чамецот се движеле кон Хидроцентралата.
За состојбата, бил известен и директорот на ХЕЦ „Маврово“ со цел да го запре производството на електрична енергија, како би се избегнале струите во езерото и би се сопрело движењето на превртениот чамец.
Македонија
Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците. Доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но не очекувам прелевање кај нас. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за случувањата во соседна Србија, каде денеска се одржува голем студентски протест, но и како ја оценува безбедноста состојба во нашата држава, односно дали случувањата во Србија можат да се рефлектираат и кај нас.
На прашањето дали е запознаен со информациите од тамошните медиуми дека структури од соседни земји на Србија, спомнувајќи ја и нашата држава, учествуваат во некакви сценарија за рушење на тамошната власт, премиерот рече дека политиката на власта е јасна, и додаде дека „не сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, а ниту, пак, ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.
„Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамкитена законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што имаме работи што треба дома да си ги решаваме. Немаме амбиција да бидеме дел од внатрешните работи на која било земја во светот“, рече Мицкоски.
Македонија
Герасимовски: Голема акција за чистење во ООУ „11 Октомври”, хигиената на прво место

Општина Центар информира дека денеска во основното училиште „11 Октомври“ се реализираше голема акција за чистење и уредување на училишниот двор, во која учествуваа ученици, наставници, родители, како и градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше дека оваа активност е дел од кампањата „Центар не чека, Центар чисти“, чија цел е подигнување на свеста за важноста на чистата животна средина.
„Денеска, преку заеднички труд, покажавме дека одговорноста за хигиената и уредноста на нашата околина ја носиме сите – и децата, и возрасните. Ова не е само акција за чистење, туку и едукативен момент за учениците, кои учат колку е важно да ја зачуваме природата. Среќен сум што сите активно се вклучија и ја поддржаа оваа иницијатива“, изјави Герасимовски.
Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање почиста и поуредена средина за сите жители на Општина Центар.
Акцијата „Центар не чека, Центар чисти“ продолжува и во следните недели, а сите граѓани можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.