Забава
Во Ватикан се населил ѓаволот
Првиот ватикански егзорцист, отец Габриел Амортх, уверен е дека ѓаволот се населил во средиштето на римокатоличката црква во Ватикан.
Првиот ватикански егзорцист, отец Габриел Амортх, уверен е дека ѓаволот се населил во средиштето на римокатоличката црква во Ватикан.
Според неговите зборови, доказ за тоа тврдење се сите сексуални напади, педофилијата, војната и кавгите меѓу кардиналите и се поголемото сомневање во постоењето на Бог.
Амортх верува дека атентатот на папата Јован Павле II од 1981 година било дело на самиот ѓавол, а тој мисли и дека Хитлер и Сталин биле опседнати со демони.
Деканот егзорцист и основачот на меѓународното здружение за егзорцисти, отецот Габриел, кој веќе 25 години истерува зли духови, неодамна ја објавил книгата „Спомени за истерувачите на духови“.
Во таа книга Габриел објаснува дека лекот против сатаната се наоѓа во католичкото светилиште во Херцеговина Меѓугорје.
„Меѓугорје е тврдина за сатаните. Сатаните не го сакаат тоа место бидејќи е место за покајание, молитва и животна преобразба“, тврди Амортх.
Тој со ова мислење му се спротиставува на Андреа Џена единствениот жив бискуп егзорцист, кој тврди дека во Меѓугорје се се’ врти околу парите, аџиите, куќите за изнајмување и продажбата на евтин накит, што е голем срам и дело на самиот ѓавол.
Меѓугорје стана познато на 25 јули 1981 година кога шест деца од сиромашниот дел на Херцеговина дотрчале кај локалниот свештеник и изјавиле дека на блискиот рид ја виделе Богородица.
Црковната истрага не им поверува, па Ватикан во 1985 година им забрани на верниците да доаѓаат на местото на наводното покажување, што многу католици го пренебрегнаа.
Меѓугорје е и прашање на спор меѓу Католичката црква во БИХ, поточно мостарскиот бискуп, и сегашен и поранешниот, со херцеговачките Фрањевци, кои се носители на усташката идеологија. Дотолку повеќе што покажувањата на Мајката Божја се одвивале на подрачје на кое усташите убиле голем број Срби и ги сториле останатите злосторства врз нив, а во близина е и православниот манастир Житомислиќ, кој беше на удар и во двете војни./крај/ин/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Невообичаени симптоми на менопауза што секоја жена треба да ги знае
Иако е претежно поврзана со добро познати тегоби како што се ментална магла или нередовни менструации, постојат и помалку познати симптоми што може да изненадат многу жени.
Менопаузата е природна фаза од животот на секоја жена и најчесто се јавува на возраст помеѓу 45 и 55 години. Иако е претежно поврзана со добро познати тегоби како што се ментална магла или нередовни менструации, постојат и помалку познати симптоми што може да изненадат многу жени.
Додека некои жени минуваат низ постепена перименопауза, други се соочуваат со ненадејни промени.
Истакнуваме неколку необични симптоми кои можат да укажуваат на почетокот на оваа фаза.
Налети на студ
Покрај познатите топли бранови, некои жени доживуваат ненадејни чувства на студ, како што се треска што трае од неколку секунди до неколку минути. Експертите веруваат дека хормоналните промени во хипоталамусот, делот од мозокот што ја регулира телесната температура, се причина.
Суви очи
Чувството на сувост, печење или заматен вид може да личат на алергии, но често се поврзани со менопауза. Според студија од 2017 година, падот на нивото на тестостерон го намалува производството на солзен филм, што може да биде особено предизвикувачко за жените кои работат на компјутери.
Вртоглавица
Покрај менталната магла, многу жени доживуваат повремена вртоглавица, особено за време на топли тушеви. Причината може да биде промена во нивото на хормони кои влијаат на протокот на крв и рамнотежата.
Горушица
Непријатното чувство на печење во стомакот, често придружено со надуеност или лош здив, може да се влоши за време на менопаузата поради хормонални флуктуации, како и стрес, лоша исхрана или консумирање алкохол.
Кршливи нокти
Ноктите кои стануваат потенки, помеки или лесно се кршат можат да го најават доаѓањето на менопаузата. Ова е последица на намалувањето на кератинот, протеин кој зависи од хормони како што се естрадиол и прогестерон.
фото/Depositphotos
Забава
Ештон Кучер откри: „Гучи“ ме отпушти затоа што бев дебел
Актерот Ештон Кучер се присети на необично искуство од деновите кога работел како модел. Тој тврди дека луксузниот моден бренд „Гучи“ го отпуштил затоа што бил „премногу дебел“.
Во ново интервју за Entertainment Tonight, актерот раскажа како бил ангажиран за кампањата на модната куќа, тогаш под водство на Том Форд, и патувал во Италија за да снима и да се покаже.
„И стигнувам таму, летам во Италија на модна ревија, и ме ставаат во розов Спидо“, се присети Кучер, додавајќи дека во тоа време тежел околу 80 килограми.
Според Кучер, Форд рекол: „Премногу е дебел“.
„А потоа ме отпуштија“, додаде актерот.
Денес, на 47 години, Кучер признава дека тој и легендарниот дизајнер сега се сеќаваат на тој настан со насмевка.
„Сега се смееме на тоа. Тој вели: „Беше премногу дебел“. А јас велам: „Па, тежев 80 килограми, за што зборуваш“, се насмеа Кучер.
Сепак, актерот ја бранеше одлуката на Форд, истакнувајќи дека дизајнерот имал многу специфична визија.
„Не бев вистинскиот за него во тој момент. Тоа не значеше дека сум помалку вреден, само дека во тој момент не се вклопував во неговата идеја“, заклучи Кучер.
Забава
Три вида физичка активност што го уништуваат стресот
Не можеме целосно да се заштитиме од стресни ситуации, но постојат физички активности што можат брзо да нè ослободат од стрес.
Постојат неколку физички активности што многу брзо ќе ве ослободат од стрес.
Џогирање
Ова е најлесниот и најевтиниот начин да се ослободите од стресот. Трчајте колку што мислите дека е доволно, а потоа преминете на брзо одење.
Фитнес инструкторите забележуваат дека овој едноставен и достапен начин за намалување на стресот не е споредлив со ниту еден друг.
Што ќе се случи со вашето тело ако вежбате само 15 минути на ден?
И функционира 100%. Додека трчате, нема потреба да размислувате дали го правите правилно или не – само уживајте во процесот и одредете го соодветното темпо на трчање.
Јога
На второ место е јогата. Секако, јогата – класичен смирувачки фитнес. Покрај тоа, јогата е одличен начин не само да се ослободите од стресот, туку и да ги истегнете и зајакнете мускулите на телото.
Во рок од 10 минути тренинг, ќе забележите дека сите ваши грижи исчезнале. Најдобриот начин да го намалите стресот е да правите јога дома. Јогата дома ви овозможува да се опуштите и да се фокусирате на себе.
Пливање
Пливањето ги затвора трите антистресни физички активности. Водата совршено го отстранува заморот и ги смирува нервите. Не треба ни да правите никакви посебни вежби, само нурнете се во водата и пливајте.
Најдобар начин за ослободување од стресот е пливањето навечер. По рекреацијата во вода, обидете се да не пиете кафе или алкохол, бидејќи целиот ефект ќе исчезне веднаш.
фото/Depositphotos

