Контакт

Забава

Хотели за жени

Објавено пред

Луксузните хотели ширум светот им излегоа во пресрет на жените и нивните посебни барања – се повеќе хотели имаат катови резервирани само за жени, а во поголемите светски градови има и цели хотели во кои исклучиво може да влезе само поубавиот пол. Жените кои патуваат сами

dobivaj vesti na viber

Луксузните хотели ширум светот им излегоа во пресрет на жените и нивните посебни барања – се повеќе хотели имаат катови резервирани само за жени, а во поголемите светски градови има и цели хотели во кои исклучиво може да влезе само поубавиот пол. Жените кои патуваат сами сакаат да се чувствуваат побезбедно, но вистина е и дека сакаат работи кои на мажите воопшто не им паѓаат на ум, како што се пегли за коса или женски списанија. Гостите на хотелот Премиер на Тајмс Сквер во Њујорк, на пример, сакаат подобра светлина за шминкање и поздраво и подиетално мени. Според главниот менаџер Патрик Дејвидсон, гостинките едноставно не сакаат да ги носат сите “толку потребни“ дребулии со себе. Сега во тој хотел на катот за жени имаат апарати за виткање и пеглање на косата, сол за капење, сетови за маникир, лосиони за тело, разни кремови, простирка за јога и женски списанија. Секако, сето тоа без дополнителни трошоци. Кадата во купатилото на тие хотели е поголема отколку во другите, а постои и масичка за шминкање за жените да можат да седат кога се дотеруваат. Блискиот исток го доби својот прв хотел само за жени во Ријад, “Лутан“, каде припадничките на поубавиот пол можат да бираат меѓу 150 спа третмани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд

Објавено пред

Од

Актерката Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Не е навистина големо изненадување што најпрофитабилните актери на сите времиња на киноблагајните се ѕвездите или поранешните членови на кинематографскиот универзум на „Марвел“.

На крајот на краиштата, тој филмски универзум е убедливо најуспешната франшиза во историјата на киното. Но, она што може да ве изненади е кој е, всушност, најуспешната личност меѓу нив, пишува gamereactor.

Долго време, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Јуниор се бореа за врвот на оваа листа, но сега, по огромното отворање на Jurassic World: Rebirth, Скарлет Јохансон ги престигна своите поранешни колеги од The Avengers и го зазеде првото место.

Според The Numbers, Јохансон помогна да се генерираат неверојатни 14,614 милијарди долари на киноблагајните, а филмовите на „Марвел“ се главен извор на овој успех.

Во еден момент Зои Салдана беше водечка актерка во вкупната заработка на киноблагајните со 14,233 милијарди долари, но Јохансон ја престигна.

Сепак, овој рекорд, веројатно, ќе биде краткотраен бидејќи се очекува Салдана повторно да го заземе првото место подоцна оваа година кога ќе пристигне Avatar: Fire and Ash за кој речиси сигурно се предвидува дека ќе заработи најмалку 1 милијарда долари.

По ова, Дауни Јуниор би можел да се врати на тронот кога Avengers: Doomsday ќе пристигне кон крајот на 2026 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Стар тренд повторно летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат

Објавено пред

Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина, кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.

dobivaj vesti na viber

Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Сигурно барем еднаш сте се намачкале со ваков лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.

Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате на улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за плажа.

Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Се омажи Мел Би

Објавено пред

Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.

dobivaj vesti na viber

Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.

Церемонијата беше проследена со прием на ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевињ, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.

Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26) со првиот сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.

Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија6 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија8 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија11 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија12 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија12 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија13 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија14 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија15 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија16 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа17 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија17 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет17 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија18 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет18 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет18 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет18 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија19 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија20 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...