Забава
Нови 6 ХИВ-позитивни и еден случај на СИДА годинава
Нови шест ХИВ позитивни и еден случај на СИДА се регистрирани годинава, соопштија в понеделник здравствените служби, по повод утрешниот светски ден на борба против СИДА-та.
Нови шест ХИВ позитивни и еден случај на СИДА се регистрирани годинава, соопштија в понеделник здравствените служби, по повод утрешниот светски ден на борба против СИДА-та.
Годинава е регистриран и еден смртен случај од СИДА, а се работи за пациент кој е заразен од порано и не спаѓа меѓу новите случаи, информираше примариус доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Седумте новозаразени се на возраст од 23 до 49 години и се од машки пол. Шестмина од нив се од Скопје, додека едниот регистриран маж е од Косово. Карактеристично е тоа што тројца од новозаразените се хомосексуалци.
Во Македонија има вкупно 119 ХИВ – позитивни лица, а 94 од нив имаат СИДА. Вкупно 68 од регистрираните лица со СИДА, се машки, што не е тренд во светот, каде бројот на заразени со СИДА е подеднаков како кај мажите така и кај жените.
За одбележување е фактот што изминатите години во земјава е намален бројот на смртни случаи од СИДА, што според д-р Караџовски се должи на зголемената достапност до антиретровирусната терапија.
Една ваква терапија за ХИВ-позитивно лице на годишно ниво чини 150 000 долари, а Македонија располага со овие средства од грант од Глобалниот фонд.
Во светот од 1981 година до сега од СИДА умреле 25 милиони луѓе.Во Африка има повеќе од 14 милиони сираци поврзани со смрт на родители од СИДА./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.