Економија
Кипар бара изземање на малите штедачи, ЕУ подготвена да излезе в пресрет
Кипарскиот министер за финансии и гувернерот на централната банка во понеделникот се обидоа да пронајдат нова формула којашто би ги изземала имателите на малите банкарски влогови од данокот предложен во рамките на европскиот пакет за финансиска помош на најмалата членка на Европската унија.
Министрите за финансии за 17-те земји членки на еврозоната се договорија за пакет помош за Кипар во износ од 10 милијарди евра, за да ја спасат земјата од банкрот Договорот беше постигната по бриселските преговори меѓу министрите и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд.
За возврат, Кипар мора да го сопре дефицитот, да го намали банкарскиот сектор кој настрада поради во прв ред поради неговата преголема изложеност на грчкиот јавен долг, и да ги зголеми даноците.
Според договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, на штедните влогови во банките помали од 100 илјади евра ќе се плаќа еднократен данок од 6,74 отсто, додека за поголемите износи ќе се плаќаат 9,9 проценти. Овој услов досега не беше применуван во финансиските пакети со помош за другите земји од еврозоната кои се најдоа во должничка криза и предизвика голем револт на Кипар.
Министерот за финансии Михалис Сарис и гувернерот на кипарската централна банка Паникос Деметриадес одвоено во парламентот изјавија дека настојуваат да издејствуваа сопствениците на депозитите во банките помали до 100 илјади евра да бидат изземени од предложениот данок.
Кипарскиот парламент требаше да гласа во неделата, меѓутоа гласањето беше одложено за понеделник, а потоа и за во вторник.
Новиот план ви вклучувал повисоки стапки данок за сопствениците на поголемите депозити, додека би се намалиле оние за помалите депозити, ги предупреди во понеделникот кипарските пратеници гувернерот Деметриадес.
„Предлагам повторно да поработиме на бројките, доколку тоа не го сториме, нема повторно да ја стекнеме довербата на штедачите, бидејќи сме ги прекршиле договорите со нив”, нагласи Деметриадс во парламентот на Кипар додавајќи дека еврозоната ќе ја прифати промената во даночната структура.
Пакетот за Кипар од 10 милијарди евра е мал споредено со заемите што ги добија другите земји од еврозоната западнати во криза, како Грција на пример, но претставува повеќе од половината од 18-те милијарди евра вредност на кипарската економија. Кипар, иако е најмалата земја членка на Европската унија, според стравувањата на експертите, неговиот банкрот би можел да го дестабилизира европскиот финансиски систем. Вистинскиот проблем на Кипар е тамошниот банкарски сектор, бидејќи е неколкупати поголем од кипарската економија. Пакетот помош за Кипар треба да го плати со воведување еднократен данок на клиентите на банките и нивните сметки.
Извор во Европската унија потврдил дека владата во Никозија расправа со меѓународните заемодавачи за измените на предложените даноци на банкарските депозити кои ги потресоа пазарите и повторно го поттикнаа стравовите од ширење на кризата во целата еврозона.
„Кипраните расправаат, го довршуваат новиот предлог. Навистина сакаме да го намалиме влијанието на данокот врз малите штедачи, но целта останува иста, да се собера 5,8 милијарди евра”, рекол за AFP извор кој сакал да остане анонимен.
Појаснил дека расправите се движат во насока на утврдување на три даночни стапки, за депозити до 100 илјади евра, за оние до 500 илјади евра и за оние поголеми од оваа сума.
Добро упатен во преговорите извор од Кипар, пак, за Reuters рекол дек а се расправа за воведување нулта даночна стапка на помалите депозити. Можени до 20 илјади евра. Нагласил дека договорот сé уште не е постигнат.
Неговата информација ја потврдува и изјавата од понеделникот што ја даде кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис во парламентот дека со „централната банка се расправа за измена на даночните стапки кои за депозитите од 100 илјади евра би биле близу нулата”.
Потсетил во парламентот дека на депозити помали од 100 илјади евра отпаѓаат дури 30 милијарди од вкупни 67-те милијарди евра банкарски депозити во кипарските банки.
Меѓународните кредитори кои на почетокот барале оданочувања на сите депозити, го промениле мислењето, тврди кипарскиот министер за финансии
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во неделата за весникот Welt am Sonntag рече дека планот за финансиска помош за Кипар мора да биде социјално прифатлив, а не да ги погодува малите штедачи, меѓутоа и дека „планот можеби би можел да биде преуреден, така што од него ќе бидат изоставени штедачите со депозити под 25 илјади евра”.
Доколку кипарскиот парламент усвои адекватен закон, Европската централна банка (ECB) ќе одржи итен состанок на кој ќе се одобрат дополнителни кредити за кипарските банки, за да можат полесно да се носат со стампедото на штедачите кои ги повлекуваат своите депозити./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

