Забава
Денеска е најнепродуктивниот ден во годината
Денешниот ден е најнепродуктивен во годинава, бидејќи кај работниците може да се забележи опаѓање на општите способности поради враќањето на часовникот
Денешниот ден е најнепродуктивен во годинава, бидејќи кај работниците може да се забележи опаѓање на општите способности поради враќањето на часовникот еден час и покусите дневни часови. Според анкетата во која учествувале вработените Британци, се очекува дека неделава продуктивноста ќе опадне за дури 50 отсто, бидејќи на луѓето им се потребни неколку денови да се навикнат на новиот ритам за станување и легнување. Околу 52 проценти од испитаниците изјавиле дека ќе им биде тешко да ги совладаат деловните, но и животните обврски. Интересно е дека 14 отсто од испитаните изјавиле дека лани, во ова исто време, добиле приговор од своите шефови поради лошата работа. Околу осум проценти рекле дека лани, при промената на времето, се јавиле на работа и кажале дека се болни. Во истражувањето учествувале две илјади работници, а доктор Кристијан Џесен смета дека заморот поради враќањето на часовникот наназад не е безначителен. “Заморот што денеска го чувствуваме може да влијае врз нашите работни способности, може да направи потешко да се сконцентрираме, или да ја извршиме работата на вообичаен начин. Исто така, не е невозможно луѓето во првиот “транзитен“ периодот да се чувствуваат нервозно“, вели Џесен. “Чувството на замор поради покусите дневни часови кај некои луѓе може да резултира со губење на мотивацијата и блага депресија. Главна причина за ваквата состојба е недостиг на дневната светлина, поради што на сите им се препорачува да се изложуваат на сонце и на дневна светлина колку што можат подолго во текот на есента и зимата“, додава Џесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.