Контакт

Книги

Промовирана книгата „Дипломатија и Феминизам“ од Нела Ташковска

Објавено пред

Во книгата „Дипломатија и Феминизам”  на младата авторка, магистер по дипломатија и родови студии Нела Ташковска, е објаснета традиционалната структура и  идеологија врз која се заснова светската надворешна политика, почнувајќи од техниките на влијателниот американски дипломат Хенри Кисинџер кој се смета за татко на оваа наука, па сé до трансформацијата на дипломатијата како мировно средство, нејзината промоција пред македонската јавност се одржа во неделата во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“  во присуство на почесни гости и соговорници на настанот беа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата на еднакви можности на мажите и жените во Собранието на Република Македонија и Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското женско лоби.

dobivaj vesti na viber

Ташковска првпат својата книга ја има издадено во САД за Проквест УМИ (каде има добиено прва награда за инвентивен метод на истражување). Книжевниот труд претставува научно истражувачки проект низ кој се анализира сферата на дипломатијата од родово-сензитивна перспектива и нуди нов пристап и стратегии за применување на политичката медијација.

Оваа книга дава одговор на прашањето зошто сеуште светската дипломатија не е наклонета кон поголемо присуство на жени амбасадори и кои се причините за сеуште малиот број на жени лидери на светските тркалезни маси. Овој проект дава и детална анализа на политичките одлуки и долгогодишната кариера на една од најзначајните женски фигури во меѓународната дипломатија,поранешниот американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

„Од особена важност е да и дадеме поддршка на младата авторка пред која претстои голема кариера. Ташковска анализира една деликатна но премногу значајна тема. Јас се гордеам што една ваква млада дама тргнала по патот на феминизмот и ја имам можноста да кажам дека ја чувствувам како мој соборец. Еднаквоста на половите е темел на една демократска држава и имплементација на демократските процеси. Македонија е меѓу најдобрите земји во развој на еднаквост, во самиот врв во Европа, по бројот на вклученост на жените во политиката. Книгата посочува дека жените можат еднакво како мажите да се справат со сите предизвици и дека е потребно да се креира баланс помеѓу жените и мажите во политиката и дипломатијата“, изјави Поповска на промоцијата.

Според Димитриевска, оваа книга нуди новитет и оригиналност во начинот на истражувањето. Напишана е со висок стил на изразување и претставува високо квалитетен научен труд кој досега не е презентиран во Република Македонија, во оваа област.

„Во моментов во Македонија има само пет жени амбасадорки, што е мал број. Овој број на жени во дипломатијата е средна бројка, која сметаме дека може да се зголеми за што и ние во македонското женско лоби се залагаме. Дипломатијата е едно навистина значајно поле за Република Македонија и како што цитира авторката во својата книга е завиено во една сомотска ракавица и има своја посебна структура. Инсистираме, жените да се вклучат во дипломатијата и политиката, само заради тоа што жените имаат различни размислувања и искуства, кои може да се пренесат во секојдневното работење и да презентираат еден нов начин на работење“, рече Димитриевска.

Ташковска, пак, говореше за почетоците на книгата и за тимот на експерти во надворешната политика од Розевелт Универзитетот кој што учествувале во истражувањето и дале придонес за овој труд.

„Македонија е сé уште млада демократија која што се развива прогресивно и во позитивна насока, и затоа овој проект е доста релевантен за нашата земја, бидејќи во истражувањето постојат споредбени факти и статистички податоци за земјите во Европа и САД од кои што Македонија може да земе пример. A јас би сакала да се залагам и да дадам придонес во овие области во својата земја и да го имплементирам знаењето кое што го стекнав на универзитетите во САД“, појасни Ташковска.

Нела Ташковска, родена 1988 година во Скопје, е дипломиран политиколог на престижниот Американски универзитет Пурдју и магистар по дипломатија и родови студии на Розевелт Универзитетот во Чикаго. Ташковска има богато интернационално резиме работејќи како асистент во одделот за странски јазици и литература на Пурдју Универзитетот, а потоа и во Советот за надворешна политика на Чикаго, во секторот за организација на политички настани со високи претставници од Американската влада како Ал Гор и Хилари Клинтон. Ташковска имала можност да работи и во предизборната кампања на актуелниот Американски претседател Барак Обама. Во 2012 година, ја добила престижната награда Чарлс Дејвид за социјална работа од Асоцијацијата за Економски Развој во Чикаго./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија14 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија14 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија16 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија17 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија18 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија18 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија19 часа

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет20 часа

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија20 часа

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија21 час

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија22 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет22 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет23 часа

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет23 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет1 ден

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија2 дена

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет2 дена

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија2 дена

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија2 дена

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...