Македонија
Груевски: Плаошник ќе биде местото каде што туристите најдолго ќе се задржуваат

Премиерот Никола Груевски во придружба на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и директорката на Завод и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска, во сабота го посети локалитетот Плаошник и направи увид на градежните активности за возобновување на „Свети Климентовиот Универзитет“.
„Според мое убедување откако ќе биде завршена изградбата на предвидените објекти на Плаошник, ова ќе биде место каде туристите најдолго ќе се задржуваат од причина што ќе има многу содржини и работи кои ќе можат да се видат и ќе стане веројатно најатрактивно, или во првите три четири најатрактивни места во Република Македонија, што ќе биде дополнителна туристичка понуда на Охрид и воопшто на Македонија“, рече Груевски.
Тој истакна дека градежните работи одат според планираната динамика и во добра насока.
„Наскоро треба да започне изградбата на фасадата на речиси соте објекти и очекувам тоа да биде завршено до крајот на оваа година или средината на идната“, додаде Груевски. /крајон/гм/мф
Извор: Охридњуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.