Економија
Довербата на германските потрошувачи на највисоко ниво од 2007.

Расположението на германските инвеститори бележи подобрувања на почетокот на март, достигнувајќи највисоко ниво за седум години, поттикнато од зајакнатиот оптимизам во поглед на доходите во иднина, покажа извештајот на GfK.
Групацијата за истражување на пазарите GfK објави во средата дека нејзиниот показател на расположението за март, темелен на анкета меѓу околу 2.000 граѓани, порасна на 8,5 од 8,3 поени, забележана во претходниот месец.Потрошувачите во истражувањето искажаа најголем оптимизам во поглед на примањата од јануари 2011 година, што се должи на силниот раст на пазарот на труд и економскиот раст. Подготвеноста на потрошувачите за купување, пак, благо се намали во однос на претходниот месец, но остана близу највисоко ниво за седум години со оглед дека рекордното ниво на вработеност и ниските каматни стапки ги поттикнаа на трошење традиционално штедливите Германци.Потрошувачите се помалку оптимистички расположени во поглед на изгледите за германската економија, но и натаму се уверени дека поминал периодот на слабости и дека економијата сега ќе забрза.Вредноста на вкупниот индекс е највисока од јануари 2007 година, а се должи на очекувањата дека домашната побарувачката ќе го поттикне економскиот раст во оваа година.„Позитивниот резултат е добра основа која овозможува дека личната побарувачка ќе продолжи да игра клучна улога во економскиот раст во оваа година“, заклучува аналитичарот на GfK Ролф Биркл.Личната потрошувачка го поттикна растот во 2013 година, а економистите очекуваат дека во оваа година токму личната потрошувачка ќе биде главен придвижувач на растот.Во GfK предвидуваат дека личната потрошувачка во оваа година реално ќе се зголеми за 1,5 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.