Економија
Новата фабрика кај Гари ќе го живне дебарскиот регион

Министерот за економија Ваљон Сараќини заедно со градоначалникот на општина Дебар, Ружди Љата, во среда ја посетија фабриката која во близина на селото Гари ја гради компанијата „Мали Лошињ” со седиште во Скопје.
Целта на посетата е да се изврши увид на текот на реализацијата на хрватската инвестиција вредна шест милиони евра, за која се најавени 70 нови вработувања од страна на хрватскиот инвеститор. Досега работата на терен се изведува според планираната динамика, инвестирани се околу 1,5 милиони евра, а тоа вклучува подготвителни работи, ископи, приклучок на трафостаница како и поставување на темели на фабриката, а во моментот дневно работат 15 работници со потребната механизација”, изјави министерот Сараќини по посетата на фабриката.Очекуваме – додаде Сараќини – во месец мај 2014 да се објави конкурс за вработување на 35, во септември за дополнителни 35 работници и тоа е факт кој многу радува бидејќи многу млади луѓе од дебарскиот регион ќе можат својата иднина да ја видат и планираат во општина Дебар.Изградбата на фабриката за амбалажирана вода е една од низата на проекти кој ги реализираме во дебарскиот регион, покрај проектите од областа на туризмот, енергетиката и инфраструктурата, со што придонесуваме за економски развој како на локално, така и на ниво на државата – истакна Сараќини, додавајќи дека значајно е тоа што целокупното производство од фабриката што ќе се изгради ќе се пласира на странски пазари, со што директно ќе се подобри извозот на земјава и ќе се намали трговскиот дефицит.За градоначалникот на Дебар Ружди Љата инвестицијата е предвесник на економската преродба на поширокиот дебарски регион.Оваa фабрика за општината значи многу и влева надеж дека набрзо поволните услови што се нудат за инвестирање и прекрасната природа ќе привлечат уште многу странски инвеститори, а со тоа општината економски ќе заживее, ќе има работа за сите и ќе се запре миграцијата – рече Љата.Вредноста на самата фабрика е околу 2,5 милиони евра, на површина од 3700 m2 која ќе има производствен и магацински простор, како и управна зграда. Нашите предвидувања се дека до есен оваа година ќе заврши изградбата, кога и ќе започнеме со експлоатацијата на вода – потенцираше инвеститорот Дражен Балиќ, додавајќи дека за почеток планот на производство на вода ќе биде околу 50 до 60 милиони литри годишно. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се намалува цената на горивата

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.
Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)
Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема
„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.
ПР