Култура
Канческа-Милевска го претстви македонското претседателство со Комитетот на министри на СЕ

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска присуствуваше на состанок на министри за култура на Југоситочна Евроап и и Црноморскиот регион, информираат од нејзиниот кабинет
Министерката Елизабета Канческа-Милевска, учествуваше на дводневниот состанок на министри за култура на Југоисточна Европа и на Црноморскиот регион, дел од меѓународната „Љубљанска конференција – обнова на нашето заедничко наследство“, во Љубљана, Словенија, во организација на словенечките Министерства за надворешни работи и за култура во соработка со Советот на Европа и Европската комисија. Канческа-Милевска во своето обраќање на состанокот ги претставила приоритетите на Република Македонија во областа на културното наследство и историјата во текот на претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од мај до ноември следната година. Фокусот ќе биде на ревитализација и рехабилитација на културното наследство во функција на регионалниот развој, со натамошна поддршка на пилот проекти, но и неколку други активности.„Претседателство на Република Македонија со Комитетот на министри ќе го обележиме и со реализација на министерска конференција во насока кон продолжување на Љубљанскиот процес и да почнеме нов, „Скопје процес“, со акцент на наследството во функција на регионалниот развој“, истакнала Канческа-Милевска во Љубљана. Министерката најаавила де дека Република Македонија ќе предложи и еден заеднички проект на земјите-членки на Советот на Европа – реализација на изложба на плакати со експонати. „Оваа изложба би се одржала во Брисел и во Стразбур, а би претставувала пресек на културното наследство од земјите од регионот вклучени во Љубљанскиот процес. Изложбата на фотографии од артефакти, како и изложба на самите артефакти каде што дозволуваат условите, може да се прошири и на сите други земји-членки на Советот на Европа“, појаснила македонската министерката за култура. Министерството за култура во неделата соопшти дека Канческа–Милевска во Љубљана остварила и билатерална средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Тхорбјорн Јагланд, на која го информирала за активностите кои Република Македонија ќе ги преземе за време на претстедателствувањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ужива во претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.
Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“ преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. Грзегорз Кемпински (Grzegorz Kempinsky) е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.
Претставата „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по одличниот успех на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.
Култура
Објавени конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година

Министерството за култура известува дека Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.
Воедно, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година. Со оваа награда пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.
Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2025 година траат од 1 до 31 мај 2025 година.
Култура
Нова книга „Културата и траумата – Писмо до бугарскиот пријател“ од проф. д-р Златко Крамариќ

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Културата и траумата“ од познатиот македонист од Хрватска, д-р Златко Крамариќ. Воведниот текст од книгата е во форма на „Писмо до бугарскиот пријател“. Како редок познавач на балканските состојби тој во овој прилог ја нагласува смислата за добрососедството и заемната почит меѓу државите, посочувајќи дека „еден од битните детали во тие визии на идните посакувани односи во Европа е и односот спрема соседите. Можеби токму тој детаљ и е еден од најважните. Има ли нешто поубаво отколку да се живее крај среќен и задоволен сосед. Неговата среќа и задоволство и нас би требало да не прави среќни“, констатира авторот.
Во книгата „Културата и траумата“ посебен акцент е ставен и на улогата на Штросмаер и македонскиот идентитет, на модернизмот во мрачните времиња, на создавањето на македонската интелигенција и на новите политики кон новите идентитети.
Златко Крамариќ (Осиек, 1956) е познат хрватски научник, универзитетски професор, книжевен критичар, врвен теоретичар на литературата и долгогодишен дипломат. Автор е на триесетина книги, преведени на повеќе јазици. Во изминатите четири децении со особена љубов и континуирана посветеност, тој ја афирмира македонската литература, поставувајќи високи критериуми при анализирањето на дела од најзначајните македонски писатели. Со својот континуиран ангажман, Златко Крамариќ застанува на чело на проучувачите, проследувачите, толкувачите и аниматорите на процесите на македонската историја, традиција и култура и на македонскиот јазик и богата литература. Член е на Друштвото на хрватските книжевници, на Хрватското филозофско друштво, на Матица Хрватска, а во 2015 година беше избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.