Култура
Џенерал Моторс отпушта 2.000 вработени

Американскиот автомобилски гигант ЏенералМоторс соопшти дека ќе отпушти 2.000 вработени во фабриките во Мичиген и Охајо.
Американскиот автомобилски гигант ЏенералМоторс соопшти дека ќе отпушти 2.000 вработени во фабриките во Мичиген и Охајо.
Истовремено корпорацијата најавидека во девет други фабрики ќе го запре производството на шест месеци, зарадиисклучително слабата продажба.
Портпаролот на компанијата, Крис лиизјави дека отпуштањата се дел од континуираните напори на Џенерал Моторс да гоусклади производството со барањата на пазарот, бидејќи потрошувачите порадирецесијата се помалку купуваат возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
МКЦ-Битола ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола.
Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија – „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020).
Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано. Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа. Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.
Филип Динев – гитара/композиции
Андреа Мирчевска – контрабас
Дамјан Грујо – тапани
Влезот за концертот е бесплатен.
Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Култура
„Кои се правата на писателите“ – трибина во ДПМ

Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија утре, 25 април, со почеток во 19 часот ќе се одржува трибината „Кои се правата на писателите?“.
На трибината ќе учествуваат познатите автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија: Делвина Крлуку, Блаже Миневски, Билјана Црвенковска, Игор Станојоски и Петар Андоновски. Модератор ќе биде претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски.
„Авторските права се нешто за што ретко се разговара, особено во книжевниот свет во Македонија, иако тие ги засегаат сите чинители во областа на издаваштвото, а најмногу писателите, преведувачите, илустраторите, и секако – издавачите.
Што значи сопственост на авторски права? Кога, како и под кои услови таа се отстапува на издавачи или на агенти? Како се вреднуваат авторските права и колкава треба да биде висината на авторскиот хонорар при издавање на едно дело? Како се проценува авторскиот хонорар од страна на издавачот и како се проценува од страна на Министерството за култура и туризам кога се работи за конкурсите за поддршка на дела од национален интерес? На кои начини авторите да се запознаат подобро со овие проблеми и како да се изборат за фер и транспарентен однос? Најпосле, која е улогата на Друштвото на писателите на Македонија во овој контекст?“, се наведува во соопштението на ДПМ.
Култура
Триото „Интерарт“ со концерт во Истанбул

На 29 април љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на македонското трио „Интерарт“, составено од истакнатите музичари Емилија Ристевска Стефановска (флејта), Александар Стефановски (флејта) и Татјана Божиновска (пијано).
Настапот ќе се одржи во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција.
Публиката ќе има прилика да чуе внимателно одбран репертоар со дела од познати композитори како Д. Шостакович, Ф. Доплер, С. Петровски, А.Б. Фурстенау и И. Кларк. Концертот претставува спој на класичната традиција и современиот музички израз, а изведбата на триото ветува еден незаборавен музички настан.
Овој културен настан е во организација на Културно и информативниот центар од Битола, со поддршка од Министерството за култура. Настапот на триото „Интерарт“ во Истанбул претставува уште еден значаен чекор во промоцијата на македонската музичка уметност на меѓународната сцена.