Скопје
Општина Центар отвори канцеларија за млади
Општина Центар, во среда вечер ја отвори Канцеларијата за млади, која ќе биде линк меѓу општината и младите.
Канцеларијата е сместена во самиот центар на градот, позади некогашна „Автомакедонија“.
На отворањето присуствуваа луѓе од невладиниот сектор, од независната културна сцена, млади активисти, глумци и музичари, писатели и архитекти, советници и вработени во општина Центар.
„Ние сме ваш сервис. Немаме никаква желба да се мешаме во вашата работа. Ветувам дека никој од општина Центар нема да се јави и да ви кажува што и како треба да работите, кој и зошто смее да дојде овде. Ние сме тука само да ви овозможиме услови за функционирање. Не е наша цел само да ја отвориме канцеларијата, туку овој објект треба да живее“, рече Жерновски.
Жерновски ги повика сите млади од Скопје да ги приложат своите проекти и идеи за да се направи поубав живот за сите, особено за младите кои треба да останат во државата и да бидат нејзина движечка сила. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

