Скопје
Општина Центар ги казни „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ поради гласна музика

Општина Центар во неделата информираше дека продолжува со инспекциски контроли на јачината на музиката во кафулињата на територија на општината.
Притоа се истакнува дека граѓаните се почесто пријавуваат дека музиката која доаѓа од кафулињата „ечи“ и им го нарушува сонот и мирот.
Како резултат на пријавувањата на граѓаните, минатиот викенд во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава.
На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван-Гог“ им се изречени казни и општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните против нив ќе се поднесат прекршочни пријави.
Општината ги повикува граѓаните да се вклучат и помогнат во решавањето на овој горлив проблем така што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и преземат соодветни мерки. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)