Регион
Тотозани: Потреба од закон за националните малцинства во Албанија
Во Албанија неодложна е потребата од донесување на закон за националните малцинства, со кој ќе се уреди признавањето на македонското и другите национални малцинства на целата територија на земјата, смета албанскиот народен правобранител Игли Тотозани.
Законот е потребен особено за да се овозможи образование на македонски јазик за етничките Македонци во областа Гора и Голо Брдо, како и во другите населени места во Албанија каде што има потреба и барање за тоа, беше основната порака од собирот кој се одржа овој викенд во Ѓирокастро во организација на Тотозани, во соработка со ОБСЕ и Советот на Европа, а со поддршка на Данска.
На собирот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов, преставникот на македонското национално малцинство во Државниот комитет за малцинства Нико Китани и генералниот секретар на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски.
Народниот правобранител Тотозани се заложи за носење на закон за националните малцинства со цел воспоставување на законски критериуми за нивно официјално признавање. Процесот на изготвување на законот треба да биде транспарентен и инклузивен. Треба да се промени законот против дискриминацијата, да се додадат причините за дискриминација, да се спроведат препораките на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ), да се ратификува Европската повелба за регионалните јазици, да се спроведе нов попис којшто ќе биде прифатен од сите врз основа на објективни критериуми, и да има поактивно учество и вклученост на малцинствата во локалната и централната власт, додаде Тотозани.
Инаку, претставниците на македонското малцинство во Албанија исто така оценуваат дека законот за малцинствата е неопходен . Новинарот и аналитичар Никола Ѓурѓај, кој е и лидер на здружението Илинден со седиште во Тирана, за Макфакс вели дека Албанија треба што побрзо да донесе еден таков закон, со цел Македонците да ги добијат своите права во Албанија./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.